Чифлик (Пехчевско)За други истоимени места, погледајте Чифлик (појаснување).
Чифлик — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Малешевија, во западниот дел на територијата на Општина Пехчево, недалеку од самиот град Пехчево. Селото е сместено на регионалниот пат Берово-Пехчево-Делчево.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 900 метри.[2] Атарот зафаќа простор од 8,9 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 442 хектари, на пасиштата отпаѓаат 258 хектари, а на шумите 116 хектари.[2] ИсторијаВо XIX век, Чифлик било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство. Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втроата светска војна.[3] СтопанствоСелото, во основа, има полјоделска функција.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Чифлик имало 357 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чифлик имало 464 жители.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6] Селото во 1961 година броело 493 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 362 жители, од кои 359 биле Македонци и 3 Срби.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Чифлик живееле 321 жител, од кои 319 Македонци и 2 Срби.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 216 жители, од кои 213 Македонци, 1 Србин, 1 останат и 1 лице без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Градска општина Пехчево, во која влегувале градот Пехчево и селата Негрево и Чифлик. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Чифлик се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Умлена и Црник. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово. Избирачко местоВо селото постои избирачко место бр. 0025 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[14] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 220 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 206 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости![]()
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia