ШварцаталЗа други истоимени места, погледајте Шварцатал (појаснување).
Шварцатал (германски: Schwarzatal) — мал град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот го добил своето име по долината на реката Шварца. Била создадена на 1 јануари 2019 година со спојување на поранешните општини Меленбах-Гласбах, Мојзелбах-Шварцмиле и Обервајсбах. Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница. ГеографијаСоседни општиниШварцатал се граничи со следниве градови и општини (почнувајќи на север, надесно): Кенигзе, Унтервајсбах, Десбах, Курсдорф, Кацхите и Гросбрајтенбах (округ Илм). Градски единициГрадот се состои од следниве единици:
ПолитикаГрадски советГрадскиот совет на градот Шварцатал се состои од 16 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]
ГрадоначалникПрва градоначалничка на градот Шварцатал е Катрин Кројпнер (независна, поддржана од слободните гласачи, SPD, Противпожарната бригада Шварцатал и Левица).[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia