Шимон Марцињак
Шимон Марчињак (полски: Szymon Marciniak; р. 7 јануари 1981) — полски меѓународен фудбалски судија. Суди во полската лига Екстракласа, како и на натпревари во Лигата на шампиони и во Лига Европа на европско ниво. КариераМарчињак е роден во Плоцк, Полска. Станал судија во ФИФА во 2011 година.[1] Судел на квалификациите на Светското првенство во фудбал 2014,[2] започнувајќи со натпреварот во групата Ф помеѓу Португалија и Азербејџан.[3] На 30 јуни 2015 година бил главен судија на финалето на Европско првенството во фудбал за играчи под 21 година 2015. Судел три натпревари на Европското првенство во фудбал 2016: Шпанија-Чешка и Исланд-Австрија во групната фаза на првенството, како и Германија-Словачка во следната фаза. На 29 март 2018 година, ФИФА објавиле дека ќе суди некои натпревари на Светското првенство во фудбал 2018 заедно со Павел Соколницки и Томаш Листкјевич како помошници.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia