Шимпанзо
Шимпанзото (лат. Pan) ― цицач од редот примати и од натсемејството големи човеколики мајмуни. Тој е најинтелигентниот претставник на ова семејство и воедно тој е најблискиот човеков сродник од светот на животните. Постојат два вида шимпанза, обично и џуџесто шимпанзо наречен бонобо. Сите имаат темно крзно, додека лицето, дланките од рацете и стапалата им се без влакна. Немаат опашка, а ушите, усните и аркадите над очите им се испакнати. Се среќава само во екваторска Африка, каде што живее во шумите и во саваните. Се движи главно по дрвја, но може да мине големи растојанија, движејќи се исправено на задните нозе. Кога оди четириножно, се потпира врз првата фаланга. На рацете има пет прста, исто како и човекот. Висината му варира од 95 до 175 см, а живее 30 години, со распон на рацете и до 2 метри; тежи меѓу 40 и 80 килограми. Распространетост и живеалиштеПостојат два вида од родот шимпанзо, и двата претходно биле нарекувани едноставно шимпанза: 1. Обичните шимпанза или Pan troglodytes се наоѓаат скоро исклучиво во силно пошумените региони на средна и западна Африка. Со најмалку четири општоприфатени подвидови, нивното население и распространетост е многу пообемна од бонобите, во минатото исто така наречено „пигмејско(џуџесто) шимпанзо“. 2. Бонобите, Pan paniscus, се наоѓаат само во средна Африка, јужно од реката Конго и северно од реката Касаи (притока на Конго),[1] во влажната шума на Демократска Република Конго во средна Африка. ЗачувувањеСлужбата за рибји и животински свет на САД привршила правило на 12 јуни 2015 година, создавајќи многу строги регулативи, практично забранувајќи каква било активност со шимпанза освен за научни, зачувувачко ориентирани цели.[2] Галерија
Наводи
Надворешни врски![]() Викицитат има збирка цитати поврзани со:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia