Шишански манастир
Шишански манастир „Успение на пресв. Богородица“ — манастир кај Шишани во Населичко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.[1] МестоположбаМанастирот се наоѓа на 2 км југозападно од селото Шишани, до урнатините на некогашниот катедрален храм на Шишанската епархија, „Пресв. Богородица“. ИсторијаМанастирот е основан во 1650[2] или 1772 г.[3] Уште од самиот почеток имал врски со светогорскиот манастир Ватопед.[2] Изгледа дека црквата првично не била манастирска. Постоењето на манстирот за првпат се спомнува во белешката на Неофит II Шишански во кондиката на митрополијата од 1797 г. за селото Шишани. Така, по 1762 и пред 1797 г., црквата „Успение на пресв. Богородица“ е претворена во манастир. Поверојатно е дека храмот е изграден во XVIII век, а не во XVII како што тврди натписот. Градбата нема никаква црта од типологијата на манастирските цркви како купола, страничните ниши итн. Иконостасот е од обично дрво, зографисано со растителни и животински мотиви, како што се вратите од куќите во Сачишта од крајот на XVIII век.[3] Царските икони се дело на зографот Георги Мануил од Селица, подарок од игуменот Теофан.[4][5] За време на Македонската борба бил база на андартските чети.[6] Во 1970 г. манастирот е прогласен за споменик на културата.[7] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia