Оттука [Емборе] на 1 час југозападно се наоѓа христијанското село Себан или Сисан. ова село во византиско време било град, наречен Алифус. Тогаш овде била резиденцијата на Шишанскиот и Сачишки митрополит, на кој тоа денес е потчинето во црковен поглед. Во селото и денес има неколку църкви. Сместено е на доста плодна рамница и оградено е со шуми. Во него има 20 куќи со 25 семејни двојни и 46 нуфузи, кои плаќаат 2300 пјастри данок и 1380 пјастри [инание-аскерие]. Во селото има много потоци и воопшто многу вода. Жителите се занимаават со земјоделство... Селото Сисан е оддалечено на 5 часа од Сачиста, на час и половина од Блаца и на пет и половина часа од Кајлар.[7]
Според грчка статистика од 1904 г. во селото живееле 250 гркојазични „Грци“.[9]
Во Грција
Во Првата балканска војна (1912) селото е окупирано од грчка војска, а по Втората (1913) тоа е припоено кон Грција. Таа година во Шишани живееле 454 лица. Во 1920 г. населението пораснало на 487 лица, а во 1928 г. селото имало 463 жители.[6] Населението порано се занимавало исклучиво со сточарство, а подоцна и со други занимања.
Гробишниот храм на селото е посветен на Свети Никола.[10]
Преименувани местности во Шишани со службен указ на 31 јули 1969 г.
↑Снегаров, Иван (1995) [1932]. История на Охридската архиепископия-патриаршия, т.2 (Второ фототипно. изд.). София: Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 247–248. ISBN954-430-345-6. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)