Шлески јазик
Шлески јазик (ślůnsko godka, ślůnski, како и pů našymu) — словенски јазик на населението во областа Горна Шлеска во Полска. Јазикот исто така се зборува и во Чешка Република и во Германија. Во 2011 година околу 509 000[1] луѓе се изјасниле дека зборуваат на силесијански јазик како мајчин јазик, но бројот на луѓе што го зборуваат јазикот е околу 1 250 000 луѓе. Силесијанскиот јазик е близок со полскиот јазик, па поради тоа од некои јазичари се смета како дијалект на полскиот јазик. АзбукаЗа пишување на силесијански јазик не постои само една азбука. Силесијанците за пишување на својот јазик користеле полска азбука. Во 2006 година беше воведена новата шлеска азбука, заснована на шлеските натписи (ги има околу 10). Јазикот и азбуката се доста користени на интернет, како и на силесијанската Википедија.
Исто така се користат и диграфите:Ch, Dz, Dź и Dž. Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia