Штипско-кочански дијалект — дијалект на македонскиот јазик. Дијалектот спаѓа во источната група на македонски дијалекти. Овој дијалект се зборува во централниот дел на Источна Македонија, односно во Штип, Кочани, Пробиштип, Виница, Радовиш и околните населени места. Главна одлика на дијалектот е продолжувањето на самогласките.
Особености
продолжување на самогласките (каде ќе одиш > дека ќе одеш)
испуштање или измена на самогласките (полна > пуна-п'на)
употреба на предлог (во град > у градо)
употреба на архаичната х наместо в (видов > видох)
испуштање на буквата т при членувањето на именките (братот > брато)
употребата на зборот говори
Во Кочанската котлина значително се употребува зборот дума, додека во останатите градови, Штип, Радовиш и Пробиштип се користи зборот збори.
употребата на зборот бев
Во Штипската околија значително се употребува зборот беше (Јас бев > Јас беше)