Штраусберг
Штраусберг (германски: Strausberg) е најголем град во округот Меркиш-Одерланд, во сојузната покраина Бранденбург, Германија, сместен на 30 километри источно од Берлин. ИсторијаШтраусберг бил основан околу 1240 и во 1333 било изградено првото градско собрание. Денес се зачувани остатоци од одбранбените ѕидини околу стариот град. Во 19 век започнала индустријализацијата и во градот се развило работничко движење, вклучувајќи синдикати и локални комитети на Социјалдемократската и Комунистичката партија на Германија.[2] По 1945, градот станал дел од Источна Германија. Штраусберг бил административно седиште на истоимениот округ до 1993, кога се споил со Бад Фрајенвалде и Зелов и го создале Меркиш-Одерланд, а Зелов станал новото административно седиште на округот. ГеографијаШтраусберг е 30 километри источно од Берлин и 30 километри западно од Костшин, на полската граница. Претставува дел од метрополитенската област Берлин/Бранденбург и еден од средните центри на областа. Се граничи со (гледано од север надесно), Алтландсберг, Обербарним, Буков, Гарцау-Гарцин, Рефелде, Ридерсдорф и Петерсхаген-Егерсдорф. Градски единициГрадот е поделен на девет области (Gebiet): Фазаненпарк, Гартенштат, Хегермиле, Ноје Миле, Постбрух, Шилерхее (со Шпицмиле), Штраусберг Норд, Штраусберг Штат и Форштат. Во градот влегуваат и три единици (Ortsteile): СообраќајГрадот е опслужуван од железничката станица Штраусберг, сместена на околу 6 километри јужно од градот, која е една од станиците на линијата 5 на берлинската С-Железница и линијата Берлин-Лихтенберг — Костшин на Германските железници. Постојат и други три станици на линијата С5 во рамките на градот, како Штраусберг Хегермиле, Штраусберг Штат и Штраусберг Норд. Штраусберг е опслужуван и од Штраусбершката железница (Strausberger Eisenbahn), лесна железница со девет застанувања, која ја поврзува главната железничка станица со центарот на градот. Штраусбершката железница управува и со фериботот низ Штрауското Езеро (Strausseefähre). Градот има мал аеродром („Flugplatz Strausberg“, ICAO: EDAY),[4] отворен во 1927, со писта од 1200 метри х 28 метри и се наоѓа на 2 километри источно од центарот на градот. СпортЛокалниот фудбалски клуб е ФК Штраусберг, кој настапува во регионалната лига во Бранденбург. Домашните натпревари се одигруваат на стадионот Енерџиарена. Галерија
Партнерства![]() Збратимени градови Луѓе
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia