Меркиш-Одерланд
Меркиш-Одерланд (германски: Märkisch-Oderland) — округ во источниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) округот Барним, државата Полска, слободниот град Франкфурт на Одра, округот Одра-Шпре и сојузната покраина Берлин. Административното седиште на округот е во Зелов, додека најголем град е Штраусберг. ГеографијаОкругот се протега од Берлин до реката Одра и полската граница на исток. Вклучува мочуришна областа долж Одра позната како Одербрух („Oderbruch“), околу 60 километри во должина и 17 километри во ширина. Одербрух била првично исушена и населена во 18 век. Остатокот на округот е главно земјоделски. ИсторијаОкругот потекнува од округот Лебус и Обербарним, кои биле создадени во 1816. Округот Лебус потекнува од Ланд Лебус (Land Lebus), област околу градот Лебус. Во 1863 Зелов станал седиште на окружната администрација на Лебус, а во 1950 округот бил преименуван во Зелов (Kreis Seelow). Во 1952 окрузите биле поделени на три дела, Бад Фрајенвалде, Зелов и Штраусберг. Во 1993, трите дела биле споени за да го создадат моменталниот округ - новото име се однесува на земјата од Северната марка на реката Одра. ГрбГрбот го покажува орелот на Бранденбург во горната половина. Долната половина исто така покажува грб на поранешниот грб Обербарним. Во долната половина се наоѓаат две куки и ѕвезда, преземени од грбот на поранешниот округ Зелов. Брановитата линија ја покажува реката Одра. Градови и општини
Наводи
Надворешни врски
52°38′N 14°8′E / 52.633°N 14.133°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia