Овој век претставува врв на период во човековата историја популарно познат како Осево време. Во овој период се појавуваат пет главни мисловни струи кои извираат од пет големи мислители во различни делови на светот: Буда и Махавира во Индија, Заратустра во Персија, Питагора во Грција и Конфуциј во Кина.
Панини, во Индија, ја составува граматиката за Санскрит во овој век.[1] Таа претставува најстара позната граматика на било кој јазик.
Во Западна Азија, првата половина на овој век беше доминирана од страна на Нововавилонското или ХалдејскоЦарство, која се здоби со моќ при крајот на претходниот век, по успешен бунт против асирската власт. Јудејското Кралство пропадна во 586 п.н.е., кога вавилонските сили под водство на Навохудонозор II го заробиле Ерусалим и го прогониле поголемиот дел од населението. Кир Велики ѝ стави крај на вавилонската власт во 540-те и ја основал Персиската империја на нејзино место. Персиската империја продолжи да се шири и прерасна во најголемата империја во светот во тоа време.
Во Европа во железната доба експанзијата на Келтите била во тек. Кина била во периодот на Пролет и Есен.
Западна Азија: за време на Персиската империја, Заратустра го основа зороастризмот, дуалистичка филозофија. Ова беше исто така времето на вавилонското заробеништво на древните Евреи.
590 п.н.е.: египетската војска ја уништува Напата, прнудувајќи го кушитскиот двор да се премести кон побезбедната локација Мерое во близина на шестиот брзак.[2]
586 п.н.е.: смртта на кралот Динг од Џоу, кралот на династија Џоу
28 мај 585 п.н.е.: има затемнување на сонцето како што е предвидено од Талес, додека Алијат II се бори со Кијаксар. Ова доведува до примирје. Овој е еден од кардиналните датуми според кој други датуми можат да бидат пресметани.
570 п.н.е.: крајот на вавилонската опсада на градот Тир со делумна победа на Вавилонците. Таа беше најдолгата опсада на градот во историјата и траела 13 години.
525 п.н.е.: Камбис II, владетел на Персија, го освојува Египет, поразувајќи го Псамтик III. Ова се смета за крајот на дваесет и шестата династија и почетокот на дваесет и седмата династија.