F-проверка
![]() F-проверка е вид на статистичка проверка во која статистиката на проверката е проследена со f-распределба. Статистиката на f-проверката претставува значаен критериум за проверување на еднаквоста на варијансите на две маси или популации. Ако набљудуваните основни маси имаат нормална распределба, тогаш статистиката F ќе има Снедекорова f-распределба. Проверката и распределбата се дефинирани од статистичарот Џорџ Снедекор, а името го добиле според еден од основоположнците на модерната статистика, Роналд Фишер.[1] Употреба![]() Најзначајната употреба на f-проверката е во анализа на варијанса (ANOVA), метод за испитување на еднаквоста на аритметичките средини на повеќе маси. Формула и пресметувањеРеализирана вредност на f-проверкатаРеализираната вредност на f-проверката се пресметува како количник на факторската варијанса и резидуалната варијанса, т.е. При проверување на хипотезите потребно е реализираната вредност да се спореди со критичната вредност на статистиката на f-проверката, со цел да се утврди дали поставените хипотези се прифатливи. Критична вредност на статистиката на f-проверкатаПравило за прифаќање, односно отфрлање на нултата хипотезаАко реализираната вредност на статистиката на f-проверката е помала или еднаква на критичната вредност, во тој случај се прифаќа нултата хипотеза. Во случај кога реализираната вредност на статистиката на f-проверката е поголема од критичната вредност, се отфрла нултата хипотеза. Одлики на f-распределбата1. Постои фамилија на f-распределби. Секој член на фамилијата е детерминиран од 2 параметри: степени на слобода за варијансата во броителот, факторската варијанса и бројот на степени во именителот, резидуалната варијанса. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia