Министерството за односи меѓу заедниците или скратено МОМЗ ,министерство во Владата на Македонија. Актуелен министер за односи меѓу заедниците е Иван Стоилковиќ.
Надлежности
- Надлежностите на министерството се:[3]
- обезбедување и координација на поддршка на Владата во реализација на стратешкиот приоритет поврзан со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор,
- обезбедување и реализација на финансиски средства потребни за успешно одвивање на процесот на реализација на обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор во рамките на Буџетот на Македонија и од донаторите,
- обезбедување на координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на Рамковниот договор,
- унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците како група на државјани на Македонија, а која традиционално живеат на територијата на Македонија, при што нејзините припадници имаат различни етнички, јазични, културни, религиозни или други особености и ги води желбата за заштита и негување на тие особености,
- следење на спроведувањето на правото на употреба на јазиците и писмата на заедниците,
- гарантирање на заштитата на етничкиот, културниот и јазичниот идентитет на заедниците,
- меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на односите меѓу заедниците,
- други прашања што се однесуваат на односите меѓу заедниците,
- следење на состојбата во односите помеѓу заедниците во Македонија на национално ниво, по региони и во единиците на локалната самоуправа и изготвување извештаи и препораки до Владата на Македонија, како и до Комитетот за односи меѓу заедниците,
- промовирање и преземање на мерки за унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Македонија,
- давање на стручни мислења по материјалите кои се во функција на спроведување и унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Македонија,
- давање на поддршка на Владата во обезбедување на правичната и соодветната застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната управа,
- давање на поддршка во подготвувањето на методологија за донесување на акциони планови на Владата во областа на правичната застапеност при вработувањето и
- врши и други работи утврдени со закон.
- Во состав на Министерството за односи меѓу заедниците се: Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците,Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Македонија.
Наводи
Поврзано
Надворешни врски