PSR B1257+12
PSR B1257+12, претходно означен PSR 1257+12, алтернативно означен PSR J1300+1240,[6] ― милисекунден пулсар кој се наоѓа на 2,300 светлосни години (710 парсеци) од Сонцето во соѕвездието Девица, вртејќи околу 1,6 пати во секунда (побрзо од сечилото на блендер). Наречена е и Лич, по истоименото моќно, измислено немртво суштество.[7][5] Пулсарот има планетарен систем со три познати пулсарски планети, наречени „Драугр“ (PSR B1257+12 b или PSR B1257+12 A), „Полтергајст“ (PSR B1257+12 c, или PSR B1257+12 B ) и Фобетор“ (PSR B1257+12 d, или PSR B1257+12 C), соодветно. Тие биле и првите вонсончеви планети и првите пулсарски планети кои биле откриени; B и C во 1992 година и A во 1994 година. A е планетата со најниска маса досега откриена со која било техника на набљудување, со нешто помалку од двапати поголема од масата на земјината Месечина. ИменувањеКонвенцијата што настанала за означување на пулсарите била употребата на буквите PSR (Пулсирачки извор на радио) проследено со ректасцензијата на пулсарот и степени на деклинација. Современата конвенција ги префиксира постарите броеви со B што значи дека координатите се за епохата 1950.0. Сите нови пулсари имаат J што покажува 2000.0 координати и исто така имаат деклинација вклучувајќи минути. Пулсарите кои биле откриени пред 1993 година имаат тежнеење да ги задржуваат своите имиња со B наместо да ги користат нивните имиња со J, но сите пулсари имаат име со J, што дава попрецизни координати на нивната местоположба на небото.[8] На нивното откритие, планетите биле означени како PSR 1257+12 A, B и C, подредени со зголемување на растојанието. Тие биле откриени пред да биде утврдена конвенцијата дека вонсончевите планети добиваат ознаки кои се состојат од името на ѕвездата проследено со мали римски букви кои почнуваат од „b“, по редослед на откривање.[9] Сепак, тие се наведени според последната конвенција за астрономски бази на податоци како што се SIMBAD и Енциклопедијата на вонсончеви планети, при што A станува b, B станува c и C станува d. Во јули 2014 година, Меѓународниот астрономски сојуз го лансирал NameExoWorlds, постапка за давање соодветни имиња на одредени вонсончеви планети и нивните ѕвезди домаќини.[10] Постапката вклучувала јавно номинирање и гласање за новите имиња.[11] Во декември 2015 година, МАС ги објавил избраните имиња, поднесени од Планетариумот Јужен Тирол Горно Адиџе во Карнеид, Италија, кои биле Лич за пулсарот и Драугр, Полтергајст и Фобетор за планетите A, B и C, соодветно:[7][12]
Во 2016 година, МАС организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ)[14] за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите (вклучувајќи ги и остатоците од ѕвездите). Во својот прв билтен од јули 2016 година,[15] РГИЅ експлицитно ги признал имињата на вонсончевите планети и нивните ѕвезди домаќини одобрени од Работната група за јавно именување на планети и планетарни сателити при Извршниот комитет, вклучувајќи ги и имињата на ѕвездите усвоени за време на кампањата NameExoWorlds во 2015 година. Овој ѕвезден остаток сега е внесен во Каталогот на имиња на ѕвезди на МАС.[6] ПулсарОткритиеPSR B1257+12 бил откриен од полскиот астроном Александер Волшчан на 9 февруари 1990 година со помош на аресипскиот радиотелескоп. Тој е милисекунден пулсар, еден вид неутронска ѕвезда, со вртежен период од 6,22 милисекунди (9.650 вртежи во минута), и било откриено дека има аномалии во периодот на пулсирање, што довело до испитувања за причината за неправилниот пулс. Во 1992 година, Волшчан и Дејл Фрејл објавиле познат труд за првото потврдено откритие на планети надвор од Сончевиот Систем. Користејќи рафинирани методи, пронајдена била уште една планета која кружи околу овој пулсар во 1994 година. ОсобиниПроценувано е дека пулсарот има маса од 1,4 M☉, што е вообичаено за повеќето неутронски ѕвезди и пулсари. Проценувано е дека полупречникот е околу 10 км (0 R☉), исто така вообичаено за пулсарите и неутронските ѕвезди. Пулсарот е исклучително жежок, со температура на површината до околу 28,856 K (28,583 °C; 51,481 °F). Пулсарот настанал пред една до три милијарди години од спојување на бели џуџиња, пар бели џуџиња кои се судриле и колабирале за да образуваат пулсар кој брзо се врти.[16] Откритието поттикнало потрага по планети кои кружат околу други пулсари, но било покажано дека таквите планети се ретки; само пет други пулсарски планети, кои кружат околу PSR B1620−26, PSR B0943+10, PSR B0329+54 и PSR J1719−1438, биле потврдени.[се бара извор] Планетарен систем
Планети![]() Во 1992 година, Волшчан и Фрејл откриле дека пулсарот има две планети. Ова било првото откритие на вонсочневи планети што било потврдено;[17][18] како пулсарски планети, тие изненадиле многу астрономи кои очекувале да најдат планети само околу ѕвезди од главната низа. Дополнителна неизвесност го опкружила системот, поради тврдењето на претходна пулсарска планета околу PSR 1829-10, која морала да биде повлечена поради грешки во пресметките. Во 1994 година, била откриена дополнителна планета. Дополнително, овој систем може да има астероиден појас или Кајперов појас. Верувано е дека планетите се резултат на вториот круг од настанувањето на планетарниот систем како резултат на спојувањето на две бели џуџиња едно со друго во пулсар и резултирачки диск од материјал во орбитата околу ѕвездата.[16] Други сценарија вклучуваат необични остатоци од супернова или кварк-нова.[19] Сепак, моделот на спојување на бело џуџе со бело џуџе, се чини дека е најверојатната причина за настанувањето на планетите. Повлечено барање за четврто орбитално телоВо 1996 година, бил објавен можен гасовит џин сличен на Сатурн (100 земјини маси) кој кружи околу пулсарот на растојание од околу 40 ае (6 милијарди км).[20] Изворната хипотеза била повлечена; повторното толкување на податоците довело до нова хипотеза за џуџеста планета од една петтина од големината на Плутон, која кружи околу PSR B1257+12. Таа би имала просечно орбитално растојание од 2.4 ае (360 милиони км) со орбитален период од приближно 4,6 години.[21][22][23][24] Хипотезата за џуџеста планета, исто така, била повлечена бидејќи понатамошните набљудувања покажале дека аномалиите на пулсирање за кои претходно било мислено дека откриваат четврто орбитално тело „не се периодични и можат целосно да бидат објаснети во смисла на бавни промени во мерката на расејување на пулсарот“.[23] Поврзано
Забелешки
Наводи
Надворешни врски
Координати: |
Portal di Ensiklopedia Dunia