VІІІ македонски конгрес
Осмиот македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија започнал со својата работа на 4 април 1901 година во Софија. Заседание, делегати и работаНа овој конгрес присуствувале 123 делегати , а меѓу нив бил и Гоце Делчев [1]. Конгресот ги разгледал односите помеѓу ТМОРО и Врховниот Комитет (Врховен македонско-одрински комитет) и била осудена дејноста на Борис Сарафов[1]. Било разгледано прашањето за востание во Македонија [1], притоа Димитар Ризов истакнал дека треба да се избегнува предвремено кревање на востание и во таа смисла го осудил Иван Цончев[1]. Димитар Ризов за претседател на ВК го предложил Гоце Делчев[1]. Во името на ТМОРО се обратил Н. Габровски кои истакнал дека организацијата треба да го подготвува востанието, а Врховниот комитет да ги помогне материјално и морално[1]. И. Цончев и Стојан Михајловски од тактички причини ги прифатиле барањата [1]. Гоце Делчев на 7.04.1901 година се обратил пред конгресот и притоа истакнал:
РешенијаНа конгресот било избрано ново раководство за Врховниот Комитет и во него влегле: претседател Стојан Михајловски, потпреседател Владимир Димитров, секретар Иван Кепов, советници - д-р Димитар Владов и Георги Минков. За уредник на Реформи бил избран Никола Харлаков. На овие избори за новото раководство учествувал и Гоце Делчев и тој добил 46 гласа[1], односно 2 гласа помалку од С. Михајловски, зад кој стоел кнезот Фердинанд I. Задачата на Стојан Михајловски била да го подготви теренот за вклучување на Иван Цончев во Врховниот Комитет[1]. Извори |
Portal di Ensiklopedia Dunia