You (Васил Гарванлиев)„You“ - песна снимена од македонскиот пејач Васил Гарванлиев. Песната е напишана и продуцирана од Невена Нешкоска заедно со Алис Шредер и Калина Нешкоска. Дополнителна продукција обезбедиле Хавиер Лорет де Мулер, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Песната требаше да ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија во 2020 година во Ротердам, Холандија, откако беше интерно избрана од националниот радиодифузер МРТ.[1][2] Сепак, натпреварот подоцна беше откажан поради пандемијата COVID-19.[3] ЗаднинаКомпозицијаВо траење од три минути, песната на англиски јазик „You“ е компонирана од македонската композиторка Невена Нешкоска, и напишана од неа заедно со Алис Шредер и Калина Нешкоска. Заедно со Невена Нешкоска и Хавиер Лорет де Мулер, македонските продуценти Дарко Димитров и Лазар Цветкоски исто така беа на чело на процесот на продуцирање на песната.[4] ПромоцијаПридружното музичко видео за „You“ беше официјално прикажано на YouTube каналот на Изборот за песна на Евровизија на 8 март 2020.[5] Живописното видео е во режија на Милена Витман, а продуцирано од Јелмаз Дервиши, додека самостојно е монтирано и снимено од Ѓорги Вацев.[6] Визуелно, неговата порака е „покана за сите да се поврзат, да се отворат, да танцуваат и да го прослават моментот“.[6] На ЕвровизијаИзборот за песна на Евровизија 2020 година требало да се одржи во Ротердам, Холандија, состоејќи се од две полуфиналиња на 12 мај и 14 мај 2020 и големото финале на 16 мај 2020.[7] Секоја земја учесничка, освен земјата домаќин и Големата петорка, требало да се квалификува во едно од двете полуфиналиња за да се натпреварува за големото финале.[8] На 28 јануари 2020 се одржала специјална ждрепка со која секоја земја се пласирала во едно од двете полуфиналиња, како и во која половина од шоуто ќе настапи. Македонија била извлечена за првото полуфинале, планирано за 12 мај 2020, а требало да настапи во првата половина од шоуто.[9] Во март 2020, Европскиот радиодифузен сојуз го откажал натпреварот поради пандемијата на COVID-19.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia