Македонија на Евровизија 1996
Македонија прв пат се обиде да учествува на Евровизија 1996. Калиопи беше одбрана да ја претставува Македонија во Норвешка, после победата на националниот избор со песната Само ти. Сепак, Македонија беше една од седум земји кои не успеаја да се квалификуваат за евровизиското финале од пред-квалификациска рунда, со што не обезбедија присуство во Осло. Пред ЕвровизијаСкопје Фест 1996Финалето се одржало на 3 март 1996 во Македонски народен театар во Скопје, а домаќини биле Билјана Дебарлиева и Борче Николовски. Победникот бил одбран со комбинација на гласови од експертско жири, радио станици низ Македонија и публиката во салата.[1]
Евровизија 1996Во 1996, за прв пат во евровизиската историја, аудио квалификациска рунда (од која домаќинот Норвешка беше изоставен) беше одржана на 20 март бидејќи 29 држави сакаа да учествуваат во финалето, но Европскиот радиодифузен сојуз постави лимит од 22 (плус Норвешка). Земјите што ќе ги заземат последните седум места после пред-квалификациската рунда нема да може да продолжат во финалето.[3] Калиопи не се квалификуваше, завршувајќи 26та со 14 поени.[4][5] Македонија дебитираше две години подоцна во 1998. Гласање
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia