Абдул Хамид I
Абдул Хамид І (османски турски: عبد الحميد اول; турски: I. Abdülhamid; роден на 20 март 1725 година[3] - починал на 7 април 1789 година во Цариград) — 27-миот Султан на Отоманското Царство кој владеел во периодот од 1744 до 1789 година, наследувајќи го својот брат Мустафа ІІІ. Тој бил син на Ахмед III (1703-1730) и Рабија султан. Водел неуспешни војни со Русија. Негов наследник бил Селим III. Рани годиниАбдул Хамид I е роден на 20 март 1725 година во Цариград, како помлад син на султанот Ахмед III (владеел 1703-1730 година) и Шерми кадин[4]. Ахмед III абдицирал во корист на неговиот внук Махмуд I, кој пак бил наследен од страна на неговиот брат Осман III. По Осман на престолот застанал помладиот син на Ахмед, Мустафа III. Како потенцијален наследник на престолот, Абдул Хамид бил затворен повеќе од четириесет и две години од својот живот со неговите братучеди Махмуд I и Осман III и неговиот постар брат Мустафа III, како што било обичај во Кафез. Тој добил рано образование од својата мајка Рабија султан, од кого научил историја и калиграфија[4]. УправувањеКачување на престолотНа денот на смртта на Мустафа, на 21 јануари 1774 година, Абдул Хамид се искачил на престолот со церемонија одржана во палатата. Следниот ден се одржала погребната поворка на Мустафа III. Новиот султан испратил писмо до Големиот везир Мехмед-Паша на фронтот и го известил да ја продолжи својата должност. На 27 јануари 1774 година била одржана церемонијата со мечот во џамијата Ејуп Султан. Во тоа време, војните на османлиско-рускиот фронт продолжиле, војската била изморена, а во Истанбул имало недостиг на храна[5]. УправувањеДолгото затворање на Абдул Хамид го направило рамнодушен кон државните работи и тој не можел да се прилагоди на новиот живот. Тој бил многу религиозен и пацифист по природа. Кога застанал на султанскиот престол наследил големи финансиски проблеми во отоманскиот буџет. Финансиите биле толку загрижувачки што тој како нов султан немал средства да го исплати јаничарскиот копрпус. Новиот султан на јаничарите им рекол: „Повеќе нема граници во нашата ризница, та треба да го научат сите наши војници“. ![]() Абдул Хамид се обидел да ги реформира вооружените сили на Отоманското Царство, како јаничарскиот корпус така и морнарицата. Од друга страна, тој основал нов артилериски корпус и бил заслужен за создавањето на Царската школа за морепловство[1]. Абдул Хамид се обидел да ја зајакне османлиската власт над Сирија, Египет и Ирак. Но, малите успеси против бунтовите во Сирија и Мореја не можеле да ја надоместат загубата на полуостровот Крим, кој станал номинално независен во 1774 година, но во пракса бил контролиран од Руското Царство. Русија постојано ја искористувала својата позиција како заштитник на источните христијани да се меша во работите на царството. Османлиите објавиле војна против Русија во 1787 година. Австрија наскоро и се придружила на Русија како сојузник, започнувајќи ја Австриско-турската војна (1787-1791). Војната со Русија завршила со потпишување на Јашкиот мировен договор, според кој Крим и Очаков (сите негови жители биле масакрирани) биле присоединети кон Русија, а границата помеѓу двете земји се поместила до реката Днестар. Освен тоа, Османлиите се откажале од Грузија. Војната со Австрија завршила со потпишување на Свиштовскиот договор. Се вели дела поради овој тежок пораз, Абдул Хамид I доживеал срцев удар и починал починал четири месеци подоцна. И покрај неговите неуспеси, Абдул Хамид се сметаше за најмилостивиот отомански султан. Тој лично ја водел противпожарната единица за време на пожарот во Цариград во 1782 година. Народот му се восхитувал за неговата верска посветеност, па дури и го нарекувале Вели („светец“). Тој исто така ја истакнал реформската политика, внимателно ја надгледувал работата на владата и работел со државниците од останатите земји. Абдул Хамид I се свртел кон внатрешните работи откако војната со Русија завршила на овој начин. Тој се обидел да ги задуши внатрешните востанија предводени од Гази Хасан-паша во Алжир и да ги регулира реформските работи преку Силхдар Сејид Мехмед-паша и Халил Хамид-паша. Особено во Сирија, бунтот на Захир ел-Омар, кој соработувал со адмиралите на руската морнарица во Средоземното Море, имајќи корист од конфузијата предизвикана од руската експедиција на руската кампања во 1768 година и го потиснал бунтот во Египет во 1775 година. Од друга страна, конфузијата во Пелопонез била прекината и била постигната смиреност. Гази Хасан-паша и Ахмед-паша одиграле важна улога во сузбивањето на сите овие настани[6]. Договор од Ќучук КајнарџаИ покрај неговите мирољубиви склоности, Отоманското Царство било принудено да ја обнови тековната војна со Русија. Ова довело до целосен пораз на во Битката кај Козлуџа и понижувачкиот договор од Ќучук Кајнарџа, потпишан на 21 јули 1774 година. Според договорот, Керч и неколку други црноморски пристаништа од Кримскиот Полуостров биле отстапени на Русија остатокот од Кримското Ханство било прогласено за независно. Дозволено било на руските трговски бродови да пловат во турските води. Молдавија и Влашка биле вратени под властта на султанот, но Русија стекнала право на мешање во Високата порта (судот на султанот) во име на овие две кнежевства. Покрај тоа, Русија добила одредени права во име на грчките православни поданици на султанот и можност Русија да изгради црква во Галата.Оваа црква била наречена Руско-грчка црква, и станала под заштита на руските амбасадори во Истанбул[7]. Абдул Хамид I починал во 1789 година. АрхитектураАбдул Хамид I оставил многу архитектонски дела, претежно во Истанбул. Најважната од нив е градбата во Сиркеџи од 1777 година. Тој изградил фонтана, основно училиште, медреса и библиотека покрај оваа зграда. Книгите во библиотеката се чуваат денес во библиотеката Сулеманије и медресата се користи како берзанска зграда. За време на изградбата на гостилницата Вакиф, фонтаната била отстранета со конструкција, а фонтаната била пренесена на аголот од џамијата Зејнеп Султан наспроти паркот Ѓулхан[6]. Покрај овие дела, во 1778 година била изградена џамија кај Бејлербеј во име на Рабија Шерми Кадин и изградил фонтани на плоштадот Чамлица. Покрај тоа, тој значително ја поправил Беглербеговската џамија и изградил фонтана и бања и продавници во Емирџан во 1783 година, а друга за Хамишах Султан и неговиот син Мехмед. Личен животПознато е дека Абдул Хамид I бил љубител на неговите деца, бил заинтересиран за семеен живот, летните месеци ги поминувал во Карагач, Бешикташ со неговите придружнички, ќерки и синови. Стилот на облекување на неговата ќерка Есма Султан се пример за истанбулските дами од тоа време[6]. Семејство
Абдул Хамид имал девет жени:
![]()
Негови синови биле:
Негови ќерки биле:
Абдул Хамид имал посвоено ќерка уште кога бил принц:
Наводи
Извори
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia