Целосното затемнување на Месечината на 27 јули2018 г. се случило кога Месечината минала низ средиштето на Земјината сенка. Ова е прво средишно затемнување на Месечината од 15 јуни 2011 г. Претставува второто целосно затемнување на Месечината во 2018 г. по она во 31 јануари.
Затемнувањето се случило кога Месечината била на најголема далечина од Земјата, поради што таа изгледала помала од вообичаено (појава наречена микромесечина),[1][2] и има најмала брзина во орбитата околу Земјата.[3] Ова е најдолготрајното целосно затемнување на Месечината во целиот XXI век.[3] Целосната затемнетост траела 1 час и 43 минути,[4][5][6][7] што е само малку покусо од теоретската граница од 1 час и 47 минути.[8] Месечината останала барем делумно во Земјината сенка четири часа.[8]
Истовремено на ова затемнување, планетата Марс била на најмала можна оддалеченост од Земјата — совпаѓање кое се случува еднаш на 25.000 години.[6]
За затемнувањето
Затемнување на Месечината се јавува кога таа ќе пристапи во Земјината сенка. Како што почнува затемнувањето, Земјината сенка отпрвин само малку ја затемнува Месечината. Потоа сенката постапно покрива повеќе, и Месечината добива темна црвенокафеава боја (или нешто поинаква, зависно од атмосферските услови). Црвеникавоста се должи на Рејлиевото расејување (истото што му дава црвена боја на залезот и сина боја на дневното небо) и прекршувањето на таа светлина од Земјината атмосфера во нејзината сенка.[9]
Сјајноста на Месечината е преувеличена од сенката.[9] Нејзиниот јужен дел бил најблиску до средиштето на сенката, што го прави најтемен и нацрвен на изглед.
Анимација на минувањето на Месечината низ Земјината сенка во јули 2018 г.
Видливост
Широк поглед на затемнвуањето и Марс од Мелбурн, Австралија.Низа на затемнувањето, гледано од Давао, Филипини.