Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин
Татковинска македонска организација за радикална обнова — Вардар, Егеј, Пирин-Преспа (ТМОРО-ВЕП) — македонска политичка партија со десна и национална ориентација. Името на партијата упатува на историската македонска револуционерна организација - ТМОРО. Изборното собрание партијата го одржала на 27 октомври 2007 година, на коешто за претседател на партијата е избран Страшо Ангеловски, долгогодишен претседател на поранешната МААК — Конзервативна партија. Програмски заложбиВо своите програмски документи ТМОРО-ВЕП се заложува за ревизија на вештачките граници меѓу Република Македонија и поробените делови на македонската држава. Односно, главните цели на партијата се враќање на статусот на Република Македонија како национална држава на македонскиот народ и ревизија на Букурешкиот мировен договор т.е. обединување на Македонија. Според манифестот на партијата, единствената можна иднина на македонскиот народ е преку обидот за создавање на Обединета Македонија како македонска национална држава, што треба да биде крајна цел на македонската национална стратегија, по создавањето на правна, економски развиена и стабилна Република Македонија. Изборни резултатиЗа првпат ТМОРО-ВЕП учествува на парламентарните избори 2006 година, при што во сите шест изборни единици кога освоила само 744 гласови или 0,08 % од вкупниот број гласови. На предвремените парламентарни избори во 2008 година, ТМОРО-ВЕП освои 4.319 гласови или 0,44 % од вкупниот број важечки гласови. На локалните избори 2009 година ТМОРО-ВЕП настапи во коалиција со ВМРО-Демократска партија. За советничките листи на оваа коалиција гласаа 15.147 избирачи, а коалицијата доби 12 советнички места.[1] На парламентарните избори 2011 година ТМОРО-ВЕП настапи како дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia