Ѓорѓи Здравев
Проф. Д-р Ѓорѓи Здравев (Радовиш, 2 април 1941 - Скопје, 8 јануари 2007) — истакнат македонски етнолог и костимограф, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1] Ран живот и обрзованиеЃорѓи Здравев е роден во Радовиш во 1941 година, каде и го стекнал основното образование, а во 1961 година го завршил средното образование во Училиштето за применета уметност во Скопје. По завршувањето на средно образование, Здравев студирал на Академиајта за применети уметности – оддел костимографија, на Универзитетот во Белград, привремено работејки како наставник по ликовно во Радовиш. Студиите ги завршил во 1967 година, а веднаш потоа се запишал на постдипломски студии на истиот факултет. По отслужувањето на воениот рок, во 1968/69 година се вработил во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје на работно место асистент-истражувач на текстилна народна орнаментика. Во 1972 година ги завршил постдипломските студии и магистрирал со темата „Благородничкиот костим во Македонија во XIV и XV век“ (ментор: проф. д-р Павле Васиќ). КариераЕдна учебна година работел како наставник во Училиштето за примената уметност во Скопје, а 1974 година се вратил во Институтот за фолклор. Во тој период бил избран во звањето научен соработник и станал раководител на Одделот за народна орнаментика. Во истото звање и на истата функција бил преизбиран повеќе пати. Во два наврата вршел должност на директор на Институот. Во 1981 година бил избран во звањето доцент по предметот костимографија на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Во меѓувреме пријавил и му била прифатена докторска теза на Одделението за етнологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград (ментор: проф. д-р Ѓурѓица Петровиќ). Во 1991 година јавно ја одбранил докторската теза на тема „Социјалните и естетските аспекти на македонските народни носии“ и се здобил со академскиот степен на образование доктор на етнолошки науки. Во 1992 година, во Институтот за фолклор го добил звањето виш научен соработник. Истата година (1992) на Факултетот за драмски уметности ги добил звањето вонреден професор. Потоа се вработил во Институтот за старословенска култура – Прилеп, каде 1995 година го добил звањето научен советник. Во 1996 година, на Факултетот за драмски уметности – Скопје, бил преизбран во звањето вонреден професор по предметот костимографија и историја на костимот. Во 1999 година се вработил на ПМФ во Заводот за етнологија при Институтот за географија, со наставно-научно звање вонреден професор. Бил избран за предметот „Воневропски народи 2“, но веднаш му бил доделен и предметот „Етнологија на Македонците 1“. Во 2004 година бил избран по свањето редовен професор. Кон крајот на 2005 година на свое барање заминал во пензија. ![]() За време на својот работен век проф. Здравев учествувал на повеќе домашни и меѓународни семинари конференции форуми и други стручни и научни собири. За неговиот особено важен придонес треба да напомене неговата издвачка дејност од областа на етнологијата со неговите две научни дела „Македонски народни носии 1“ (1996) и „Македонски народни носии (ткаеници, везови, плетила, китење и накит)“ (2006), кои претставуваат сублимација на неговата многугодишна научно-истражувачка дејност. Има објавено повеќе од 80 стручни и научни трудови. Како најзначајни се посебните изданија на Институтот за фолклор Марко Цепенков меѓу кои: "Народните тантели и сорки во Овчеполието" Македонски фолклор 5 Скопје 1975, "Современата состојба на текстилното народно творештво и народната носија во Велешко" Македонски фолклор 22 Скопје 1988. Дел од неговото творештво претставуваат и повеќе уметнички изложби во земјава и надвор самостојни или групни преку ДЛУПУМ. Во 1987 г. од ДЛУПМ ја добива наградата „Бигорски следбеници“. Здравев бил истакнат македонски костимограф кој подготвил повеќе од педесет костимографии за театарски претстави во Македонија како што се „Црна Комедија“, „Грдиот Нарцис“, „Слепци“, „Легендата за Бошко Буха“, „Чук чук Стојанче“, „Чудото за Св. Ѓорѓи“, „Цар Едип“, „Ослободувањето на Скопје“ и многу други. За костимографија во една од легендарните претстави на Драмскиот театар - „Јане Задрогаз“ во 1975 година ја добил Стериината награда во Нови Сад. Бил добитник на наградите „Војдан Чернодрински“, „Гоце Делчев“ за придонес во науката во 1997 година, „13 Ноември“ за особени достигнувања во областа на науката во 2006 година. Исто така бил и член во стручниот одброр на манифестацијата "Ревија на народни носии" во Струга, член на одборот на Симпозиумот за Балкански фолклор, член на редакцискиот одбор на збрникот на научни трудови "Македонски фоклор", член на Комисијата за фолклор при Републичката културно - просветна заедница. Покрај работата како костимограф работел и како стучен соработник во многу телевизиски емисии и телевизиски драми меѓу кои и серијата „Бушава азбука“. Влијание врз културното наследствоЦенејќи ја работата на проф. д-р Ѓорѓи Здравев како научник, можеме да кажеме дека во втората половина на 20. век, тој спаѓа меѓу ретките истражувачи и теоретичари на етнографските и естетските карактеристики на македонската народна носија и целокупното текстилно народно творештво. Беше присилен да оди напред со големи чекори за да пополни барем дел од оној неразумно создаден вакуум од повеќе од триесет години непостоење студии по етнологијата во Македонија во периодот 1953-1986. Соочен со проблемот на фрагментарност на изворите и материјалите од областа на текстилното народно творештво, д-р Ѓорѓи Здравев за време на својот работен век изврши обемни теренски истражувања низ цела Македонија проследени со детална обработка на материјалите. На тој начин успеа да создаде сопствена база и сопствено мислење за процесите поврзани со појавата, развојот и губењето на народната носија како симбол на македонските етнички заедници, групи и подгрупи со локални обележја во рамки на македонската етничка култура.
Врз истражувањаД-р Ѓорѓи Здравев отиде чекор понапред во истражувањето на македонската народна носија преку посебните истражувања на нејзината функција и во таа смисла на нејзината општествена услловеност во рамки на севкупноста на македонската етничка култура до средината на 20. век. Во народната култура, како свадба, смрт, народен календар, етнички групи, итн., скоро редовно ги цитираат научните резултати на проф. д-р Ѓорѓи Здравев како клучна аргументација и доказ плус во поткрепа на сопствените научни резултати за пресудното влијание на традициската општествена регулатива врз културата и поединецот, во смисла на појава и култура, создадени за да ги маркираат промените на статусот на поединецот/групата во одредени кризни моменти од животот или во некои посебни прилики и поводи. Врз стручна литератураПосебно значаен е придонесот на д-р Ѓорѓи Здравев за презентацијата на македонските етнографски материјали од Рускиот државен музеј, од кои голем се состојат од носии и делови од носии од другите источни, југоисточни и јужни делови на етничка Македонија (денес во државните граници на Република Бугарија и Република Грција), досега непознати за обемна аналитичка статија за македонските носии и украси, собрани пред околу 130 години од страна на Стефан Верковиќ и други собирачи, претставува непроценлив прилог кон македонската културна историја. Д-р Ѓорѓи Здравев се формирал како етнолог и фолклорист за време од триесет и седум години работа во специјализирани научни и високообразовни институции од овие области: Институтот за фолклор „М. Цепенков“, Институтот за старословенска култура и Заводот за етнологија при Институтот за географија на ПМФ (сега Институт за етнологија и антропологија), каде што во регуларни постапки ги добил научните и наставно-научните звања. Неговиот работен век бил постојано исполнет со многубројни аранжмани во научноистражувачки проекти. Неговата библиографија е богата со објавени монографии, статии, учества на конгреси и симпозиуми во земјата и во странство. Врз личностите околу негоКако професор покажа значајни резултати во образовно-педагошката дејност. Беше омилен и почитуван од колегите и студентите. Под неговото менторство беа изготвени дипломски работи, магистерски и докторски тези. Активно се залагаше за осамостојување на студиската група по етнологија и на свој начин постојано работеше на остварување на оваа цел, свесен за големото значење што го има етнологијата како фундаментална општествена наука за културниот континуитет и идентитет на секоја земја и народ, па во таа смила и на Македонија и Македонците. Признанија за неговото литературно дејствиеВо 1997 година ја доби наградата за наука „Гоце Делчев“ што ја доделува Министерството за наука на Република Македонија, како општествено признание за неговата објавена монографија Македонски Народни носии I, Скопје, 1996. Во 2006 година ја доби престижната награда „13 Ноември“ за најновата објавена монографија „Македонски народни носии – ткаеници, везови, плетила, китење и накит“, во издание на Матица Македонска (2006). Врз костимографјата и признанија на истотоНекои од нив денес спаѓаат во македонска класика на својата потесна ликовна област. За илустрација ќе ја спомениме само костимографијата, дело на Ѓорѓи Здравев, во култната телевизиска серија за деца и возрасни „Бушава Азбука“. Натаму, за постигања во оваа дејност зборувааат престижните награди, како Стериинаата награда за костимографија во преставата „Јане Задрогаз“ во Нови Сад 1975 година – со посебна награда за најдобро креиран костим во претставата, потоа наградата „Војдан Чернодрински“ за костимографијата во претставата „Ништо без Трифолио“, во Прилеп во 1987 година, за повеќегодишната успешна уметничка активност. За неговиот трудЗа проф. д-р Ѓорѓи Здравев може да се напише уште една биографија и библиографија како за уметник – сликар, цртач и костимограф. Оваа негова дарба и професионална подготовка, преставуваше, меѓу другото, димензија плус за потемелно разбирање на сложениот визуелен јазик на народната уметност, а во таа смисла и на народната носија како нејзин најкомплексен израз. Од друга страна, како и творештвото, така и Ѓорѓи Здравев настојуваше да се резлизира преку своите омилени ликовни дисциплини. Секогаш не беше задоволен од интензитетот на тој ангажман, бидејки чувствуваше дека може да даде зборови на надеж дека ќе дочека денови кога ќе може слободно да слика, без грижа на совест дека ја запоставува својата редовна работа. Всушност, се реализирани во тешко откинати парчиња време од редовната работа. И во такви услови тој се реализираше како уметник – костимограф со бројни театарси, телевизиски и филмски костимографски остварувања. Уметничка дејностМодни ревии
Костимографска дејност
Библиографија (1975 - 2005)Монографии
Аналитички и шематски етнографски цртежи со туш и боја
Статии
Соопштенија, материјали, поводи, прикази
Изложби и текстови за каталози
Енциклопедиски единици
Статии објавени за печат коишто досега (2009) не се објавени
Некатегоризирани
Литература
НаводиНадворешни врски
Забелешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia