Народните музички инструменти во Македонија
Народните музички инструменти во Македонија — книга напишана од Д-р Александар Линин и објавена во печатницата „Просвета“ (Куманово) во 1986 година. Книгата претставува монографско прикажување на народните музички инструменти во Македонија, каде е прикажана збирката на информации за разните инструменти во записите на историчарите, во фреските, иконите и резбите во црквите и манастирите, и во народните песни и преданија. Во книгата се толкува за проучувањето за народните инструменти и нивниот опис, каде е вметнато визуелно прикажување на инструментите преку слики и цртежи илустрирани од Ѓорѓи Здравев. Историјата на инструментитеПред описите на инструментите се зборува за податоците од историчари и хроничари, со најран запис од Сидониј Аполинариј (датирајки од V век), каде кралот Теодорик му дава предност на гудачкиот инструмент „фидес“ над сите други инструменти. Исто така се споменува дека инструментите се појавуваат и во фрески и икони, а во поново време (XIX век - први 3 децении на XX век) повеќето дела спомнуваат едни инструменти, а поретко се спомнувале чалгаџииските и детските инструменти. Целта на оваа книга е да го опиши мнозинството инструменти во територијата на тогашната СР Македонија. Поделбата на инструментитеКај содржината (стр. 141 - 142) може лесно да забележеме дека инструментите според начинот на свирење се поделени на: ИдиофоничниМембрафоничниКордофонични
Аерофонични
Надолжни флејти и блок-флејти Цилиндрично-јазични инстр.
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia