ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ - Скопје
Facebook = [1] ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ е највисока здравствена и наставно-научна институција од областа на стоматологијата во Република Македонија. Центарот е сместен во Скопје и постои уште од 1948 година. Генерален директор е Д-р спец. Амела Цана. ИсторијаЈЗУ Универзитетски стоматолошкиот клинички центар „Свети Пантелејмон“ постои уште од 1948/49 година, кога за првпат е основана Клиниката за усни, забни и вилични болести, во рамките на тогашниот Медицински факултет во Скопје. Од своето основање до денес, Стоматолошкиот клинички центар бележи динамичен раст во својата опрема, преку внесување врвна техологија во реставративната, реконструираната и естетска стоматологија. Стоматолошкиот клинички центар преку организирање на серија работилници, конгреси, образовни курсеви, семинари и симпозиуми овозможува перманентен развој на стоматолошката дејност во регионот на Република Македонија и пошироко, каде стоматолози од јавните стоматолошки служби и приватниот сектор успешно се образоваат, следејќи ги најсовремените светски трендови. Денес ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон претставува врвна високо образовна институција од областа на стоматологијата, која врши висококвалитетни стоматолошки услуги и располага со најсовремена апаратура и технологија, модерно опремени ВИП кабинети за прием на владини претставници, претставници на дипломатскиот кор во земјава, странски мисии, како и други релевантни субјекти. Клиники
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia