Државен санитарен и здравствен инспекторат
Цели и задачиВрши надзор над извршувањето на законите и прописите донесени врз основа на законите во областа на санитарно-хигиенската и епидемиолошката заштита, особено над:
Организациона структураДСЗИ првостепено го сочинуваат два сектора и тоа:
Сектор за стручно советодавни работиОвој сектор го сочинуваат 5 одделенија: 1. Одделение за санитарно-технички услови и мислења во постапка за издавање на одобренија, заштита на воздухот од загадување, отпадни, површински води и депонии за комунален и индустриски смет кое дава стручно метоеолошка помош во врска со надзорот на спроведување на потписите за исполнување на санитарно техничките услови за издавање на одобренија, спроведување на прописите за заштита на воздухот од загадување за отпданите и површински води и депонии за комунален и индустриски смет. 2. Одделение за здравствена и стоматолошка заштита кое организира и следи активности во врска со работата на здравствените установи во кои се врши примарна, секундарна и терцијална здравствена заштита во јавниот и приватен сектор, правата од здравственото осигурување, организира и следи активности во врска со работата на здравствените установи во кои се врши стоматолошка здравствена дејност и дава стручно-методолошка помош од оваа област. 3. Одделение за воспитно-образовни, социјални, детски установи, сместувачки угостителски капацитети и рекреативни центри кое организира и следи активности во работењето од здравствен аспект на образовни, социјални и детски установи, угостителски капацитети и рекреативни центри, изготвува стручни мислења, инструкции за работа. 4. Одделение за безбедност на предметите за општа употреба и објекти за давање на хигиенски услуги организира и следи активности во врска со безбедно производство и промет на предмети за општа употреба ,како и пружање на безбедни хигиенски услуги во објекти за оваа дејност. 5. Одделение за правно-советодавни, информатички работи и анализа учествува во подготвување на прописи од областа на надлежностите на Инспекторатот, ја следи имплементацијата на законските и подзаконските акти, и дава правна помош на инспекторите во подрачните одделенија и решава во второстепена жалбена постапка, контрола на архивско работење и други адмнистративни работи, врши прибирање, обработка, средување на податоци од важност за Инспекторатот, изработка и ажурирање на централни регистри на објекти кои подлежат на санитарен и здравствен надзор, изработува и одржува ВЕБ страна, организира обука на вработените од областа на информатичкиот систем, подготвува публикации и информативни материјали за јавноста. Сектор за инспекциски надзорСекторот за инспекциски надзор го организира, насочува и координира работењето на одделението за инспекциски надзор од областа епидемиологијата, одделението за инспекциски надзор на радиолошка заштита, нејонизирачко зрачење, опасни материи (отрови, претходници и опојни дроги), на подрачните одделенија и одделението за граничен надзор, изготвува планови за работа на одделенијата и го следи нивното извршување, дава извештај за работата на одделенијата и програмите за работа. Во секторот за инспекциски надзор, подрачните одделенија за инспекциски надзор на територијата на Република Македонија ги опфаќаат општините со населените места кои им припаѓаат на тие општини, согласно Законот за територијална органиција на локланата самоуправа на Република Македонија. Овој сектор има 5 одделенија:
2. Одделение за инспекциски надзор од областа на радиолошка заштита, нејонизирачко зрачење, опасни материи (отрови, претходници и опојни дроги кое ја организира, координира и насочува работата на инспекцискиот надзор на радиолошка заштита, извори на нејонизирачко зрачење, отрови, претходници и опојни дроги. 3. Одделение за граничен инспекциски надзор кое ја организира, координира и насочува работата на граничните терминали и премини при увоз на предмети за општа употреба и патници во меѓународниот сообраќај. 4.Подрачните одделенија за инспекциски надзор кои ја организираат, координираат и насочуваат работата на територијата на подрачното одделение во спроведувањето на позитивните прописи: увид во јавни и приватни здравствени установи, во училишни и предучилишни установи, во социјални установи за различни категории на лица, во туристички, рекреативни и угостителски објекти, надзор над ексхумација и транспорт на умрени лица, здравствен надзор над лица вработени на маста каде што со својата здравствена состојба можат да го загрозат здравјето на населението, надзор во врска со пријави и претставки на граѓани и друго. и 5. Други подрачни одделенија во кои спаѓаат:
Наводи
ПоврзаноНадворешни врскиДСЗИ на министерското мрежно место Архивирано на 1 август 2008 г.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia