ХОПС - Опции за здрав живот
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје — здружение на граѓани што од 1997 година активно ги спроведува своите програми и активности во Скопје и во останатите градови во Република Македонија. Во 1997 година првпат ги воведе програмите за размена на опрема за инјектирање во Р Македонија, со цел превенција на ХИВ/СИДА помеѓу корисници/чки на дроги и нивните семејства, а три години подоцна, во 2000 година, почна со имплементација на првата програма за поддршка на сексуални работници/ чки во Скопје. Оттогаш наваму успешно развива и спроведува програми за намалување штети од употреба на дрога, превенција на ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи инфекции, како и програми за социјално вклучување на ранливите и маргинализираните заедници во Република Македонија. Извршен директор е Христијан Јанкулоски. Визија на ХОПС: Општество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба. Мисија на ХОПС: Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здавјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници засновано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување. ПрограмиСервиси за намалување на штети од употреба на дрогa Архивирано на 31 март 2017 г. Оваа програма опфаќа директна работа со корисници/чки на дроги и нивните семејства, на терен што се одвива на територијата на Град Скопје, како и во центрите на ХОПС што се сместени во областите Капиштец, „Мавровка“, Шуто Оризари и Центар. Програмата опфаќа широк спектар на услуги чијашто главна цел е да овозможи зголемување на достапноста на здравствената заштита и да ги унапреди правата поврзани со здравјето на луѓето, како и да придонесе во процесот на нивно социјално вклучување како полноправни граѓани на Р Македонија коишто ги уживаат своите човекови права и активно учествуваат во животот на заедницата. Поддршка на сексуални работници-чки Архивирано на 31 март 2017 г. Оваа програма опфаќа директна работа со сексуалните работници/чки и нивните семејства на терен што се одвива на територијата на Град Скопје, како и во дневниот центарот на ХОПС. Програмата опфаќа широк спектар на услуги чијашто главна цел е да овозможи зголемување на достапноста на здравствената заштита и да ги унапреди правата поврзани со здравјето на луѓето, како и да придонесе во процесот на нивно социјално вклучување како полноправни граѓани на Р Македонија коишто ги уживаат своите човекови права и активно учествуваат во животот на заедницата. Програма - ЦЕДИ Архивирано на 8 мај 2017 г. ЦЕДИ е програма во ХОПС, чијашто цел е да организира едукации/обуки, да документира и да спроведува истражувања. ЦЕДИ нуди и консултантски услуги за подготовка, развој, мониторинг и евалуација на: стратегии, акциски планови, проекти, програми, семинари, работилници, конференции, студиски патувања. Оваа програма треба да овозможи поддршка во функционирањето на програмата Застапување и програмата Сервиси и услуги преку прибирање и анализа на податоци и документирања што ќе даваат ажурен преглед на состојбата и на потребите кај целните групи/корисниците, како и преку изработка на документи, студии, извештаи и предлози за подобрување на постоечките и/или за воведување на нови политики од важност за корисниците. Исто така, оваа програма треба да овозможи едукација на претставници на институции, студенти, новинари, други здруженија и персоналот на организацијата со цел зголемување на нивните знаења, но и јакнење на нивните вештини за работа со корисниците. Програмата се реализира преку три посебни програмски аспекти: едукација, документирање и истражување. Застапување Архивирано на 8 мај 2017 г. Програмата застапување опфаќа различни аспекти поврзани со политиката на дроги, регулирањето на сексуалната работа, третманот на корисниците, застапеноста на корисниците како творци на политики и донесувачи на одлуки,финансиската поддршка која државата ја дава на програмите за лекување, намалување на штети, рехабилитација и ресоцијализација. ЧленствоХОПС е член и соработник во повеќе иницијативи во национални, а и регионални/меѓународни рамки[1]:
НаградиХОПС е добитник на Меѓународната награда за ХИВ/СИДА и човекови права за 2010 година, што ја доделуваат Канадската правна мрежа за ХИВ/СИДА и Хјуман рајтс воч. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia