Јазици во Лихтенштајн
Јазиците во Лихтенштајн е поим со кој се опфаќаат јазиците кои се зборуваат на територијата на државата. Лихтенштајн, официјално е еднојазична држава. службен јазикслужбен јазик во Лихтенштајн е германскиот јазик (deutsch). Овој јазик го зборува скоро целокупното население на државата.[1] Германскиот јазик е мајчин јазик на Германците. Покрај во Лихтенштајн, јазикот се зборува и во Германија, Австрија, Швајцарија и Луксембург, и секаде во овие држави е службен. Лихтенштајн е најмалата држава каде германскиот е службен јазик. Локалниот германски дијалект се вика алемански дијалект, кој се зборува и во Швајцарија, делови во Франција и во мали делови во Германија и Австрија. Околу 86% од населението се Алемани. Останати јазициВо државата се зборуваат и други јазици, но тие се доселенички. Странски јазициНајзборувани странски јазици во државата се англискиот и францускиот. Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia