Јазици во Германија
службен јазик на Германија е стандардниот германски, говорен од над 95% од населението. Населението најчесто говори на стандарден германски или на некој од германските дијалекти и тој им е мајчин и прв јазик.[1] Овие бројки ги вклучуваат лицата кои говорат на северната варијанта на долносаксонски, признаен малцински или регионален јазик, кој не се смета за одделен од стандардниот германски во статистиките. Малцински јазици:
Имигрантски јазици говорени од значаен број на лица од првата и втората генерација со источноевропско, африканско, азијско или латиноамериканско потекло:
Повеќето Германци исто така учат англиски како нивен прв странски јазик на училиште. Понекогаш француски или латински се предаваат како први, но обично тоа е англискиот, со француски и латински како втори или трети странски јазици. Руски, италијански, шпански, полски, холандски, старогрчки и други јазици исто така се нудат во училиштата (често зависејќи од географската положба на училиштето). Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia