Јазици во Белорусија
Јазиците во Белорусија е поим со кој се опфаќаат сите живи и знаковни јазици кои се зборуваат/ користат на територијата на Република Белорусија. Белорусија е официјално двојазична држава, што значи има два официјални јазика: белоруски јазик и руски јазик. Според уставот на Белорусија се гарантира зачувување на културното наследство на сите етнички малцинства во државата, вклучувајќи ги и нивните јазици. Најголеми малцински јазици се полскиот јазик и украинскиот јазик. СтатистикаИако доминантна етничка група во Белорусија се Белорусите, сепак доминантен јазик во државата е рускиот. За домашна употреба, околу 70% од населението на државата зборува руски (според пописот од 2009). Меѓу самите Белоруси, околу 70% од нив зборуваат руски. Исто така и Украинците и Евреите воглавно зборуваат руски. Од другата страна пак, Полјаците по дома воглавнио зборуваат белоруски (околу 41%), остатокот од Полјаците зборуваат руски и само 0.01% од нив зборуваат полски.[1]
Службени јазициБелоруски јазикБелорускиот јазик (кирилица: беларуская мова, латиница: biełaruskaja mova) или поретко именуван како белорутенски јазик, е источнословенски јазик и мајчин јазик на Белорусите. Белорускиот јазик е службен јазик во Белорусија, каде се наоѓаат најголемиот број белоруски говорници, но јазикот се зборува и во Русија, Полска, Украина и меѓу останати белоруски заедници во дијаспората.[3] Белорускиот јазик се служи со белоруската азбука која е заснована на кирилицата, но јазикот може да се пишува и со латиничната белоруска азбука. Овој јазик го зборуваат од 4 до 9 милиони жители во светот. Белорускиот јазик споделува јазични одлики со рускиот и украинскиот јазик. Според пописот во Белорусија од 1999 година, белорускиот јазик е „јазик кој се зборува дома“ од околу 3.686.000 белоруски граѓани или 36.7% од вкупното население.[4] Според истиот попис, 85.6% или 6.984.0000 од Белорусите се изјасниле дека белорускиот им е мајчин јазик. Според други извори, 6.715.000 луѓе во Белорусија и 9.081.102 во остатокот од светот зборуваат белоруски.[5] Според истражување извршено од белоруската влада во 2009 година, 72% од Белорусите зборуваат руски по дома, додека белорускиот се зборува од само 11.9%. Според истото истражување, 29.4% од Белорусите можат да пишуваат, читаат и зборуваат белоруски, додека остатокот можат само на читаат и зборуваат белоруски. Руски јазикРускиот јазик (руски: русский язык) е еден од најраспространетите јазици во Европа и најраширениот од сите словенски јазици. Рускиот јазик припаѓа на групата на индоевропските јазици, па затоа е поврзан со санскритот, грчкиот и латинскиот јазик, како и со современите германски јазици, романски јазици и келтски јазици, вклучувајќи го и англискиот, францускиот и ирскиот јазик. Пишани извори на руски јазик се најдени од X век. Иако тој има зачувано од неговата синтетичко-нефлексионална структура и од заедничката словенска зборовна база, современиот руски јазик има влијанија од меѓународниот речник на политиката, науката и технологијата. Како јазик со големо политичко значење, рускиот е еден од службените јазици во ОН. Иако меѓународниот престиж на јазикот опадна по распадот на Советскиот Сојуз, позициите на рускиот јазик како лингва франка во источна Европа и северна Азија се засилени. Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia