Јанез Блејвеис

Јанез Блајвајс (19 ноември 1808 – 29 ноември 1881 година) [1][2] бил словенечки конзервативен политичар, новинар, лекар, ветеринар и јавна личност. Тој бил водач на таканареченото политичко движење Старисловенци. Уште за време на неговиот живот, бил наречен татко на нацијата.[3]

Биографија

Блајвајс бил роден во богато трговско семејство во градот Крањ, тогаш дел од Авструнгарија. Од најрана возраст бил израснат во двојазична средина, совршено владеејќи ги и словенечкиот и австрискиот германски јазик, што било вообичаено меѓу припадниците на високата средна класа во Карниола во тој период.

Своето образование го започнал на лицејот во Љубљана, по што се запишал на Универзитетот во Виена, каде што студирал медицина. По дипломирањето, се вратил во Љубљана и започнал да работи како професор по ветеринарна медицина и патологија.

Во текот на својата кариера, Блајвајс објавил значителен број научни трудови од областа на ветеринарната медицина и јавното здравје, со посебен фокус на заразните болести и нивното влијание врз луѓето и животните.

Во 1843 година, Блајвајс го основал списанието Вести за земјоделците и занаетчиите (сло: Kmetijske in rokodelske novice) и го уредувал до неговата смрт во 1881 година.[1] Списанието се занимавало со економски, како и со културни прашања во словенечките земји. Во револуциите од 1848 г. тој се вклучил во политиката и го поддржал барањето за Обединета Словенија. На почетокот на уставниот период во Австриското Царство, Блејвајс се појавил како водач на словенечкото национално движење за Обединета Словенија. Веќе во доцните 1850-ти, неговото политички конзервативно лидерство било оспорено од помладата генерација словенечки националисти, познати како Млади Словенци, меѓу кои биле Фран Левстик, Јосип Стритар и Јосип Јурчич. Групата на Блајвајс, која ги вклучувала Ловро Томан, Етбин Хенрик Коста, Лука Светец и Андреј Ајншпилер, потоа била идентификувана како Старите Словенци, иако тие самите никогаш не прифатиле такво име.

Блајвајс бил хабсбуршки легитимист и следбеник на австрославистичката идеологија. Во политиката, тој го следел примерот на чешкиот водач Франтишек Палацки, кој барал автономија за словенските народи во рамките на обединетата Австриското Царство.

Во 1881 година, Блајвајс ја добил титулата витез од Франц Јосиф I од Австрија, императорот на Австрија. Истата година починал во Љубљана и бил погребан во меморијалниот парк Навје во љубљанската област Бежиград.

Наводи

  1. 1,0 1,1 Stefan Barbarič (1971). Živan Milisavac (уред.). Jugoslovenski književni leksikon [Yugoslav Literary Lexicon] (српскохрватски). Novi Sad (SAP Vojvodina, SR Serbia): Matica srpska. стр. 40.
  2. „Janez Bleiweis | abart“. cs.isabart.org. Посетено на 2021-10-08.
  3. „Svarun in njegova Slovenija - 50 blogov - Kam.si“. 19 November 2008.

Литература

  • Јоже Погачник, „Јанез Блејвеис“ на словенечки мисел: есеји о словенству (Љубљана: Цанкарјева заложба, 1987), 437-438

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya