Јаспер Филипсен
Јаспер Филипсен (холандски: Jasper Philipsen; р. 2 март 1998) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Алпесин-Декојнинк.[2][3] КариераВо јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[4] Во октомври 2020 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2020,[5] каде ја освоил етапата 15. Учествувал на својот втор Тур де Франс во 2021 и иако не освоил ниедна етапа, имал многу ветувачки резултати, вклучувајќи места на подиум неколку пати. Возел на Вуелта а Еспања 2021, каде освоил две етапи.[6] Исто така ја носел маичката за бодовен пласман на неколку етапи, за која се борел со Фабио Јакобсен, пред да одлучи дека имал успешна трка и да реши да се повлече на половина трка поради слаба треска.[7] Рано во сезоната 2022 го освоил бодовниот пласман и две етапи на Трката ОАЕ. Потоа, го освоил бодовниот пласман и етапа на Трката околу Турција и етапа на Трката околу Белгија. Настапил на Тур де Франс 2022 каде екипата целела на етапни победи за Филипсен и за Матје ван дер Пул. Филипсен првично мислел дека ќе ја освои четвртата етапа, но Ваут ван Ерт ја изненадил главната група и нападнал додека ја носел жолтата маичка. По Алпите добил шанса да ја освои етапата 15 откако последниот возач од бегството бил достигнат во завршниот километар. Успеал да биде пред претходните етапни победници Ван Ерт и Мадс Педерсен со што ја освоил првата етапна победа за екипата на трката.[8] По етапата Тадеј Погачар пришол во приватниот простор на екипата надвор од печатот и публиката за да му честата на неговата прва победа во кариерата на Тур. Неговата втора етапна победа дошла на последниот ден во Париз, каде ги претекнал другите во борба за етапната победа. Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia