Тадеј Погачар
Тадеј Погачар (словенечки: Tadej Pogačar; р. 21 септември 1998) — словенечки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[1] КариераВо 2019 година го продолжил својот договор со ОАЕ Тим Емирати најмалку до сезоната 2023. Во август 2019 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.[2] Освоил две етапи во втората седмица на Вуелта и бил на високо место пред завршната седмица, меѓутоа во завршната седмица Наиро Кинтана и Мигел Анхел Лопес извозеле добро и го претекнале во пласманот, со што отпаднал од подиумот. Потоа, на етапата 20 ја освоил третата етапа во неверојатно соло-бегство во должина од 40 километри и добил доволно време да ги претекне своите соперници, со што ја преземал маичката во пласманот за млад возач и се искачил на подиумот пред завршната етапа во Мадрид.[3] Тој е пријавен на почетниот список за Тур де Франс 2020 и изјавил дека ќе оди на трката со иста цел како на Вуелта 2019. „Ако Ару чувствува дека е навистина добар, ние ќе одиме на жолта маичка и јас ќе поддржам 100%“.[4] Достигнувања
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia