Јас сум од Титов Велес (филм)
„Јас сум од Титов Велес“ — македонски игран филм по сценарио и режија на Теона Митевска. Премиерата била одржана на 11 септември 2008 година. Улоги
СодржинаДејствието на филмот ги прикажува животите на три сестри кои живеат заедно во куќа во Титов Велес: најстарата нарко зависничката Славица (Ана Костовска), средната во потрага по нов живот Сафо (Николина Кујача) и најмладта Афродита (Лабина Митевска).[1] ЗаднинаСпоред изјави на Теона Митевска, како идеја за филмот послужиле „нејзините сништа“, а голем дел од елементите вклучени во него се имагинарни. Како првична инспирација за „Јас сум од Титов Велес“ послужил извештај кој режисерката го прочитала во црна хроника, во кој имало детали за смртта на две сестри во една опожарена куќа. Самата Митевска живеела во Титов Велес.[1] Официјалната премиера на филмот под категоријата Панорама била одржана на 13 февруари 2008 година на Берлиналето. Според репортерката Силвера Падори од весникот Дојче Веле, приемот на филмот на наведениот фестивал предизвикал тажна реакција меѓу гледачите поради неговата содржина.[1] Награди
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia