Младен Крстевски
Младен Крстевски (роден на 25 август 1953 година во Кратово) — македонски филмски и театарски глумец и режисер.[1] ЖивотописМладен Крстевски дипломирал на отсекот за драмски глумци на Високата музичка школа во Скопје во класата на проф. Илија Милчин и Димитрие Османли во 1978 година. Во периодот 1978-1979 година бил член на Народниот театар во Штип. Од крајот на 1981 до неговото пензионирање во 2020 година, работел во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес, каде што бил и директор (2002–2006) и (2017-2020). Покрај неговиот матичен театар, тој гостувал и во други театри во Македонски народен театар, Драмски театар - Скопје, Театар Куманово и други теататски куќи во Македонија. Снимил неколку филмови во сопствена продукција. Наградуван е на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1979 и 1990 година. Општина Велес му ја доделила „Ноемвриската награда“[2] . Филмографија
Награди и признанија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia