Александар Ѓорѓиев (р. 27 јуни 1949 година во Велес) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Во 1975 година, Ѓорѓиев дипломирал на Факултет за драмски уметности - Скопје на отсекот за актерска игра во класата на Љубиша Георгиевски и Владимир Милчин, и истата година се вработил во Народен театар "Јордан Хаџи Константинов Џинот" во Велес и останува сė до неговото пензионирање во 2014 година. Бил директор на театарот во период од 1988 до 1999 година, а пет години претходно уметнички директор. Подготвил две претстави, едната дуо драма "Измамници" од Славомир Мрожек, со колегата Сребре Ѓаковски и "Арсеник и стари дантели" со колегите од класата. Тој има оддиграно над 150 премиери во театарот, и има соработувано со Петре Прличко, Тодор Николовски, Младен Крстевски, Слободанка Чичевска и други.
Филмографија
Ѓорѓиев ги остварил филмските улоги:[1]
Театарски претстави
Ѓорѓиев остварил бројни театарски улоги:
Поважни театарски улоги:
- Хор (Славата и смртта на Хоакин Муриета, 1976), автор: Пабло Неруда, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар
- Пит ван Дорн (Мласоста пред суд, 1981), автор: Ханс Тимаер, режисер: Ристо Мајсторов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (Крал Иби, 1986), автор: Алфред Жари, режисер: Стојан Стојаноски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Горјан (Хамлет од Долно Дивјаци, 1987), автор: Иво Брешан, режисер: Душан Наумовски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Анучкин (Женидба, 1987), продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (Смртта на Тенелкин, 1988), автор: Александар Василевич, режисер: Стојан Стојаноски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (На сечило, 1989), автор: Бранко Варошлија, режисер: Душан Наумовски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Жико (Шуаби ап, 1989), автор: Жаклина Мирчевска, режисер: Слободанка Чичевска, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Герд Зидов (Пречистување, 1990), автор: Сашко Насев, режисер: Златко Славенски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (Крчма на патот за Европа, 1991), автор: Жаклина Мирчевска, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (Нажалена фамилија, 1992), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитар Станковски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Духот (Антигона, 1993), автор: Софокле, режисер: Стојан Стојаноски, продукција: Стоби
- (Време на сонување, 1993), автор: Војдан Чернодрински, режисер: Златко Славенски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (Змејовите заминуваат, 1994), автор: Југослав Петровски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Пинго (Смрзнатиот пингвин, 1996), автор: Слободанка Чичевска, режисер: Јордан Витанов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (Фортинбрас е пијан, 1996), автор: Јиржи Гловачки, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Болничар (Сонот во А-мол, 1997), автор: Југослав Петровски, режисер: Димитар Станковски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Докторот (Четериесен маченици, 1997), автор: Христо Бојчев, режисер: Димитар Станковски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (Љубовна вртелешка, 1998), автор: Аргур Шницлет, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (Елешник, 2000), автор: Југослав Петровски, режисер: Димитар Станковски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (Дупло дно, 2002), автор: Горан Стефановски, режисер: Благојче Божиновски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (Домот на Бернарда Алба, 2004), автор: Федерико Гарсија Лорка, режисер: Стојан Стојаноски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Демир ага (Будење, 2004), автор: Трајче Кацаров, режисер: Владимир Талески, продукција:Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Прв граѓанин (Жени во народно собрание, 2005), автор: Аристофан, режисер: Петрос Панамас, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Кралче (Железното пиле, 2005), автор: Благоја Ристески, режисер: Јордан Витанов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Тејлор (Проклетството на изгладнетата класа, 2007), автор: Сем Шепард, режисер: Никола Ристов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Крисип (Да се заборави херострат), автор: Георгиј Горин, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (Тероризам, 2009), автор: Владимир Преснјаков, режисер: Александар Иваноски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Дедо (Чернодрински се враќа дома, 2009), автор: Горан Стефановски, режисер: Мартин Кочовски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Д-р Ранк (Нора, 2011), автор: Хенрих Ибзен, режисер: Никола Ристов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (Бетија, 2013), автор: Аџело Паолко, режисер: Никола Ристов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Господин Лојал (Тартиф, 2014), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Никола Ристов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- (Приказни за шестиот кат, 2015), автор: Драги Михајловски, режисер: Деан Дамјановски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Професор (Класен непријател, 2015), автор: Најџел Вилијамс, режисер: Теа Беговска, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Кобус (Добрата надеж, 2016), автор: Херман Хеијерманс, режисер: Александар Ивановски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Прв актер (Ана Комнена, 2017), автор: Сашо Димоски, режисер: Ненад Витанов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
- Алекса (Сомнително лице, 2018), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Венцислав Ристов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
Награди
Наводи
|