Јепе Тверсков
Јепе Тајс Тверсков (роден на 12 март 1993, во Копенхаген) е дански фудбалер, играч од средниот ред на Сан Диего.[3] Клупска кариераБ 1903Роден во Копенхаген, Тверсков започнал да игра фудбал на тригодишна возраст во Б 1903. Како 17-годишен, тој бил промовиран во сениорскиот тим кој се натпреварувал во четвртото ниво на данскиот фудбал од тогашниот тренер Бент Кристенсен. Во својата прва сезона, тој забележал 24 настапи и седум гола и бил избран за Играч на годината во клубот.[4][5] ЛингбиВо јуни 2011 година, Тверсков се преселил во Лингби по препорака на неговиот тренер, Бент Кристенсен.[4] Во тој клуб, тој играл заедно со млади соиграчи како Јусуф Поулсен, Кристијан Нергор и Уфе Бех.[6] Во јуни 2012 година, тој бил промовиран во првиот тим од тренерот Нилс Фредериксен.[7] Својот прв професионален настап, Тверсков го направил на 4 ноември 2012 година, против Хобро ИК во второто ниво на земјата, данската прва дивизија. Тој влегол како замена во 90-тата минута за Дејвид Бојсен, во победата на неговиот тим со 2–1.[8] Тој го постигнал својот прв гол во својата професионална кариера на 25 април 2014 година, во првенствената победа на неговиот тим со 3-0 над Хвидовре.[9] РандерсНа 30 јуни 2014 година, Тверсков му се приклучил на клубот од Суперлигата, Рандерс, со кој потпишал двегодишен договор.[10] Својот прв натпревар за клубот го одиграл на 23 септември во натпревар од Купот на Данска против Колдинг Болдклуб. Тој го започнал натпреварот како дефанзивен играч за врска и се истакнал со постигнувањето на својот прв гол за Рандерс, додавајќи го своето име во списокот со стрелци во убедливата победата на неговиот тим од 7–1.[11] Клубот завршил четврти во првенството на крајот на сезоната 2014–2015 и успеал да се квалификува во квалификациските рунди за Лига Европа.[12] Тверсков го одиграл својот прв натпревар во европските натпреварувања, на 2 јули 2015 година, против клубот од Андора, Сант Жулија: започнувајќи како стартер, тој сепак не го доиграл натпреварот откако бил исклучен заради добивање на втор жолт картон, но Рандерс победил со 1-0.[13] ОденсеБидејќи неговиот договор со Рандерс истекол, во летото 2016 година Тверсков потпишал со Оденсе, а трансферот бил објавен уште на 20 април истата година.[14][15] Својот прв настап за клубот го направил на првиот натпревар за сезоната 2016–2017 во Суперлигата, против Силкеборг во ремито 0-0.[16] НоршеланНа 21 јуни 2023 година, Тверсков потпишал за друг дански клуб Норшелан, согласувајќи се на договор до јуни 2025 година.[17] Во клубот останал сезона и половина, забележувајќи вкупно 63 настапи и 6 гола. Сан ДиегоНа 19 март 2024 година, Тверсков за првпат во кариерата ја напуштил родната Данска и потпишал за американскиот клуб Сан Диего, нов клуб во МЛС со кој била проширена лигата, пред нивната инаугуративна сезона во 2025 година; тој потпишал двегодишен договор до 2026 година, кој стапил на сила на 1 јануари 2025 година.[18][19] СтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 5 април 2025.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia