Они Валакари
Они Јоханес Симонпоика Валакари (роден на 18 август 1999, во Мадервел) — фински фудбалер, играч од средниот ред на Сан Диего, на заем од Пафос, и на финската репрезентација. БиографијаТаткото на Валакари Симо е поранешен професионален фудбалер и актуелен фудбалски тренер; Они е роден во Мадервел, Шкотска, додека неговиот татко настапувал таму за истоимениот клуб.[3][4][5] Тој има двајца браќа, исто така фудбалери: постариот брат Пааво,[6] бил поранешен голман, а неговиот помал брат Тоиво моментално настапува во втората финска лига.[7] Клупска кариераВалакари започнал да игра фудбал во младинскиот сектор на клубот КаПа во 2007 година. Во 2013 година, тој се преселил во Сејнејоки со своето семејство и се приклучил на локалниот клуб СЈК Сејнејоки. Откако го направил своето сениорско деби со резервниот тим на клубот СЈК II во тогашното трето ниво на земјата Каконен во 2015 година, Валакари ја продолжил својата кариера во ТПС Турку. Тој играл со ТПС најпрво во втората лига Иконен во 2017 година, а во следната сезона 2018, дебитирал во врвната дивизија, Вејкауслигата, каде постигнал четири гола во текот на првата половина од сезоната.[2] На 5 август 2018 година, Валакари потпишал со норвешкиот клуб Тромсо,[8] откако неговиот татко бил назначен за тренер на првиот тим на клубот. Надоместот за трансферот бил проценет на околу 200.000 NOK, при што ТПС обезбедиле клаузула според која требало да добијат 15% од следната продажба на играчот.[9][10] Дебитирал во норвешкото првенство под водството на неговиот татко на 10 август 2018, во поразот со 1-0 на гостувањето кај Сандефјорд, заменувајќи го Даниел Бернтсен во 89-тата минута.[11] За Тромсо играл до крајот на 2019 година, запишувајќи 45 настапи и 9 гола. Во јануари 2020 година, тој се преселил во клубот од Првата дивизија на Кипар, Пафос, за необјавена сума, која се верува дека изнесувала околу 300.000 евра.[10][12] Дебитирал за клубот на 1 февруари 2020, постигнувајќи ги првите два гола за Пафос во нивната победа во кипарското првенство со 3-0 на гостувањето кај Етникос Ахна.[13] Во следната сезона 2020-2021, Валакари постигнал 13 гола, што е негов личен рекорд во рамките на една сезона, и бил најдобар стрелец на Пафос. На 18 мај 2024, тој со Пафос го освоил Купот на Кипар 2023-2024, совладувајќи ја Омонија во финалето со 3-0.[14] На 26 август 2024 година, Валакари бил позајмен на шведскиот клуб АИК за остатокот од сезоната 2024,[15] со опција за откуп од околу 1 милион евра.[16] На 21 септември, тој го постигнал својот прв гол во Алсвенскан, во победата со 1–0 на гости против Калмар.[17][18] По завршувањето на позајмицата, АИК сакал да потпише постојан договор со Валакари, но клубовите не можеле да се договорат околу финансиските услови, по што Валакари се вратил во Пафос.[19] Во дресот на АИК одиграл 10 натпревари и постигнал 2 гола. Во јануари 2025 година, Валакари го продолжил договорот со Пафос до 2027 година,[20] а последователно потпишал договор за позајмица од една сезона со МЛС екипата Сан Диего.[21] Договорот вклучувал надомест од 400.000 евра за заемот со опција за откуп од 1.5 милион евра.[22] Дебитирал за клубот на 23 февруари 2025, во победата со 2-0 над Лос Анџелес Галакси. Својот прв гол во МЛС го постигнал на 16 март 2025, во ремито 1-1 на домашен терен против Колумбус Кру, стрелајќи прецизно со глава по нафрлената топка од корнер. Репрезентативна кариераВалакари бил младински репрезентативец на Финска, играјќи во селекциите под 18, под 19 и под 21 година.[23] Валакари го направил своето сениорско деби за Финска на 11 ноември 2020 година, постигнувајќи гол на своето деби во победата со 2–0 над Франција. Интерено е тоа што, другиот стрелец во тој натпревар бил уште еден дебитант Маркус Форс.[24] Во мај 2021 година, Валакари бил повикан од селекторот Марку Канерва во составот на Финска за Европското првенство 2020.[25] Хронологија на репрезентативните настапи
ТитулиПафос
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia