Кристофер Маквеј
Кристофер Доналд Маквеј (роден на 12 април 1997, во Борос) е шведска фудбалер, играч од одбраната на Сан Диего. Клупска кариераМаквеј ја започнал својата кариера како младински играч во Спарсорс АИК[3] пред подоцна да се приклучи на Елфсборг на возраст од 12 години.[4] На 4 март 2019 година, Маквеј му се приклучи на клубот од Суперетан лигата, Далкурд на позајмица до 15 јули 2019 година.[5] По враќањето во Елфсборг, тој станал регуларен играч на клубот во 2021 година, забележувајќи 23 настапи во Алсвенскан. На 14 јануари 2022 година, Маквеј потпишал тригодишен договор со американскиот клуб член на МЛС лигата, Интер Мајами.[6] На 1 февруари 2024 година, Ди Си Јунајтед го довел Маквеј од Интер Мајами.[7] Сепак, откако клубот одбил да ја искористи опцијата во неговиот договор за продолжување на соработката по завршувањето на сезоната 2024,[8] Маквеј бил разменет во новиот клуб во МЛС лигата Сан Диего на 11 декември 2024 година, со кој потпишал двегодишен договор.[9] Репрезентативна кариераВо 2014 година, Маквеј играл за шведската репрезентација под 17 години.[10] СтатистикаКлупска статистика
ТитулиКлупскиИнтер Мајами
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia