Јаспер Лефелсенд
Јаспер Лофелсенд (роден на 10 септември 1997, во Келн) — германски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Сан Диего. Клупска кариераЛефелсенд играл за неколку различни клубови на младинско ниво како Бергиш Гладбах, Унион Ресрат и Херкенрат 09.[2] Својата сениорска кариера ја започнал во 2016 година со екипата на Херкенрат 09, а потоа тој имал кратки периоди во уште неколку нисколигашки клубови во Германија како Штрален, Бонер, Хенеф 05 и Вегберг-Бек, настапувајќи во Регионалната лига - Запад и Мителрхајнлига.[3] По потпишувањето со Вегберг-Бек во јули 2020 година, Лефелсенд и клубот го раскинале неговиот договор за да може тој да ја прифати стипендијата за играње колеџ фудбал во САД.[4] Додека студирал на Унивезитетот во Питсбург, тој две години играл фудбал за Питсбург Пантерс.[5] На 11 јануари 2022 година, Лефелсенд бил избран како 81-ви пик на МЛС Супердрафтот 2022 од Реал Солт Лејк.[6] На 22 февруари 2022 година, тој потпишал со МЛС Некст Про клубот на Солт Лејк, Реал Монаркс.[7] Сепак, на 27 февруари 2022 година, Лефелсенд потпишал едногодишен договор со првиот тим на Реал Солт Лејк.[8] Своето деби во МЛС со клубот го направил истиот ден, појавувајќи се како замена во судиското продолжение од натпреварот против Хјустон Дајнамо кој завршил нерешено 0-0.[9] Првиот гол го постигнал на 31 јули во ремито 2-2 против Сан Хосе Ертквејкс. На 10 јануари 2024 година, Лефелсенд потпишал за Колорадо Рапидс,[10] за кој одиграл 18 натпревари во МЛС 2024. На 11 декември 2024 година, Лефелсенд му се приклучил на новиот член во МЛС лигата, Сан Диего.[11] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia