Карло VI (Свето Римско Царство)Карло VI (германски: Karl VI, роден на 1 октомври 1685 во Виена - починал на 20 октомври 1740 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство и крал на Германија (1711-1740), војвода од Тишен (1711–1722), надвојвода на Австрија, крал на Хрватска (како Карло III), крал на Бохемија (како Карло II) и крал на Унгарија (како Карло III) (1711–1740) и претендент кон шпанскиот престол до 1711 година. Рани годиниКарло е роден во Виена како втор син на царот Леополд I и неговата трета сопруга, принцезата Елеонора Магдалена фон Пфалц-Нојбург. Неговото полно име е Карло Франц Јосиф Венцислав Балтазар Јован Антон Игнатиј. Карло бил претендент кон шпанскиот престол од Хабсбуршката династија. Кога Карло II го прогласил својот син Филип V за свој наследник, Луј XIV го нарушил претходниот склучен договор. Спорот за круната на Шпанија довело до започнување на Војна за шпанското наследство[1]. УправувањеНадворешна политикаОткако постариот брат Јосиф I починал во 1711 година, Карло се вратил во Австрија[2], каде ја наследнил титулата крал на Унгарија, Хрватска и Бохемија. Подоцна истата година во Франкфурт бил избран и за цар на Светото Римско Царство. По договорот од Раштат од 1714 година завршила Војната за шпанскиот престол. Со договорот Филип V станал нов шпански крал под услов да се одрече од сите претензии кон францускиот престол. Од друга страна Карло VI ги добил некогашните територии кои шпанските монарси ги поседувале во Холандија и Италија. Карло водел војни со Османлиското Царство. Кога Венецијанската Република во 1714 година започнала војна со Османлиите, побарала од Карло да се формира Света Лига како онаа од 1684 година. Така во 1716 година бил потврден сојузот и била објавена војна на Османлиите. Веќе докажаниот царски војсководач Евгениј Савојски ги поразил на Османлиите во Битката кај Петроварадин во 1716 година, додека следната 1717 година бил заземен и Белград. Според договорот од Пожаревац Османлиите изгубиле дел од Банат, Смедеревскиот санџак заедно со Белград и Северна Босна[3]. Австрија со Белград управувала во следните 20 години. Според договорот од Белград и крајот на Австриско-турската војна (1737-1739), Австрија била потиснета од Балканот[4]. Така Белград и Шабац со цела Србија до Сава и Дунав, Влашка и дел од Босна биле повторно дадени на Османлиите. Австрија го задржала Банат но морала да ги сруши сите тврдини кои ги изградила во текот на владеењето на овие земји по Пожаревачкиот договор. Внатрешна политикаГлавно прашање кое се отворило во текот на владеењето на Карло VI било околу тоа кој ќе биде негов наследник. Карло како и неговиот брат Јосиф имал само ќерки, а според традициите кои важале во Светото Римско Царство, жените немале право да бидат наследници на престолот. Но, во 1713 година Карло ја издал т.н. Прагматична санкција според која неговата ќерка Марија Терезија може да го наследи престолот. Под негов притисок, оваа санкција била прифатена од владетелите на Светото Римско Царство и неколку други европски сили,[5][6]. Така во 1723 година било дозволено таа да стане негов наследник. Во 1736 година Марија Терезија била омажена за Франц Стефан, големиот војвода од Токсана. Но, кога Карло починал, Прусија, Саксонија, Баварија и Франција ја одбиле т.н. Прагматична санкција и за цар бил избран Карло VII, изборниот кнез на Баварија. Со ова започнала Војната за австриското наследство, каде Марија Терезија со помош на Унгарија, Бохемија и Австрија го обезбедила престолот на својот сопруг Франц. Според тоа, Карло VI бил последниот цар на Светото Римско Царство од директната машка линија на Хабсбуршката династија, додека Франц бил основач на Лотарингенската династија. Семејство
Литература
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia