Јованка Радичевиќ
Јованка Радичевиќ (23 октомври 1986, Подгорица, Црна Гора) - црногорска ракометарка, десно крило на Будуќност. ЖивотописЈованка Радичевиќ е родена на 23 октомври 1986 година[1] во Подгорица. Професионална кариераРадичевиќ ја започнала професионалната кариера во екипата на „Будуќност“, во која провела осум сезони (2004-2011) при што освоила седум шампионски и седум титули во Купот на Црна Гора (2005-2011), две титули во Регионалната лига (2010, 2011) и две титули во Купот на победниците на куповите (2006, 2010). Во 2011 година, Радичевиќ се преселила во составот на Ѓер ЕТО од Унгарија и двапати ги освоила шампионската титула и Купот на Унгарија, а во сезоната 2012-2013 со Ѓер ја освоила и Лигата на шампионите, откако една година претходно стигнала до финалето на ова натпреварување. Потоа, таа преминала во екипата на Вардар од Скопје, при што двапати го освоила третото место во Лигата на шампионите.[2][3] На 17 февруари 2018, Радичевиќ потпишала двегодишен договор со романскиот ЧСМ Букурешт заедно со својте српски соиграчки од Вардар Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ.[4] Со романскиот клуб го освоила Купот на Романија, со победата над Р’мнику В’лча во финалето во кое таа била најефикасна ракометарка со 9 постигнати гола. По одличната сезона на поединечен план во ЧСМ добила неколку награди како што се изборот за најдобро десно крило во романската Лига Национала, а исто така се нашла и во Ол-Стар тимот на Лигата на шампионите. Во јануари 2019, Радичевиќ заедно со својата сонародничка од ЧСМ Мајда Мехмедовиќ, потпишале договор со Будуќност.[5] Така таа по осум години играње во странство се вратила во клубот во кој ја започнала својата кариера. Репрезентативни настапиРадичевиќ постигнала големи успеси и како репрезентативка на Црна Гора: на Светското првенство во 2010 година го освоила 6. место; на Олимписките игри во 2012 година била поразена во финалето; а на Европското првенство во 2012 година ја освоила шампионската титула при што била прогласена за најдобро десно крило. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia