ЖРК Вардар
ЖРК Вардар е женски ракометен клуб од Скопје, Македонија. Екипата редовно настапува во женската ракометна лига на Македонија, а исто така, била учесник и во Лигата на шампиони. Боите на клубот се: црно-црвена. Своите натпревари како домаќин, клубот ги играл најпрвин во СЦ „Борис Трајковски“, а од сезоната 2014-2015 во СЦ „Јане Сандански“. Канцелариите на клубот се наоѓаат на бул. Октомвриска револуција, бр. 18, 1000 Скопје. ИсторијаКлубот најпрвин настапувал како ЖРК „Вардар“, а подоцна играл под името ЖРК „Вардар-Осигурување“. Се работи за клуб со најголема традиција и историја во женскиот ракомет во Македонија. Клубот е формиран во 1961 година, од тогашниот РК „Графичар“ и сè до денес го задржува името „Вардар“. Во времето на СФРЈ, клубот се натпеварувал во Втората сојузна лига, Македонско-косовската лига и Македонската лига. По осамостојувањето на Македонија, клубот продолжил да се натпреварува во женската ракометна супер лига, каде секогаш завршувал во горниот дел на табелата. Исто така, во повеќе наврати, клубот настапувал на европската ракометна сцена.[1] Во сезоната 2013-2014, клубот го носел името ЖРК „Вардар СЦБТ“, а по завршувањето на сезоната го променил името во ЖРК „Вардар“. Притоа, интересно е да се спомене дека во Лигата на шампионите, клубот настапувал како ЖРК „Вардар“, додека во првенството на Македонија играл под името „Вардар“, додека втората екипа настапувала под името ЖРК „Вардар“. Настапи во македонската ракометна лигаПрвиот голем успех на домашната сцена, ЖРК „Вардар“ го постигнал во 1994 година, кога го освоил Купот на Македонија, победувајќи го во финалето „Кометал Ѓорче Петров“. Подоцна, во сезоната 2011-2012, клубот го освоил второто место во ракометната лига и играл во полуфиналето од Купот на Македонија. Една година подоцна, во сезоната 2012-2013, ЖРК „Вардар СЦБТ“ конечно станал шампион на Македонија.[1] Во сезоната 2013/2014, ЖРК „Вардар СЦБТ“ по вторпат едноподруго ја освоил шампионската титула во македонската лига. Притоа, по одиграните 20 кола, клубот имал 19 победи и еден нерешен меч, со гол разлика од 758:364, при што освоил 58 бодови, т.е. 9 бодови пред второпласираниот тим ЖРК "Металург". Истата година, клубот ја освоил и двојната круна, победувајќи во финалето од Купот на Македонија.[2]
Меѓународни настапиЖРК "Вардар" настапувал на меѓународната сцена во повеќе наврати, и тоа:[1]
Лига на шампионите2013-2014Во сезоната 2013-2014, „Вардар“ го постигнал најголемиот успех на меѓународната сцена, изборувајќи учество во Лигата на шампионите. Најпрвин, клубот играл во групата „Д“, каде остварил пет победи и еднаш одиграл нерешено . Оттука, клубот се пласирал на второто место и изборил учество во натамошните натрпевари, а потоа и на финалниот турнир на Лигата на шампионите, одржан во Будимпешта. Таму, на 3 мај 2014 година, ЖРК „Вардар СЦБТ“ играл со црногорскиот шампион „Будуќност“ при што, во регуларниот дел натпреварот завршил нерешено 16:16 (6:11), но по двете одиграни продолженија, ЖРК „Вардар СЦБТ“ загубил со 20:22. Утредента, во борбата за третото место, ЖРК „Вардар СЦБТ“ го победил тимот на „Митланд“ со 34:31 (14:12).[12][13][14] 2014-2015Во сезоната 2014-2015, ЖРК „Вардар“ играл во групата „Б“ од групната фаза на Лигата на шампионите. Во првото коло, одиграно во Подгорица, тимот на ЖРК „Вардар“ изгубил од црногорскиот шампион ЖРК „Будуќност Подгорица“ со 17:23 (9:12).[15] Во второто коло, одиграно на 26 октомври 2014 година во Скопје, „Вардар СЦБТ“ го победил тимот на „Турингер“ со 26:21 (12:10). Притоа, во тимот на „Вардар“ се истакнале голманот Ина Суслина, која имала дури 29 одбрани и најдобриот стрелец, Андреа Пенезиќ, која постигнала осум гола, поради што од страна на ЕХФ била прогласена како една од трите ѕвезди на колото.[16][17] Во третото коло, ЖРК „Вардар“ му гостувал на тимот на „Подравка“ од Копривница, каде остварил тесна победа од 27:26 (11:13). Најефикасни во тимот на „Вардар“ биле Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ, со постигнати седум и шест гола, соодветно.[18][19] Во четвртото коло, одиграно на 9 ноември 2014 година, „Вардар“ играл на домашен терен против „Подравка“ при што остварил убедлива победа од 35:25 (15:10), со што го обезбедил пласманот во натамошната фаза од Лигата на шампионите. Најефикасна ракометарка во тимот на „Вардар“ била Јованка Радичевиќ, со постигнати пет гола.[20] Во петтото коло, одиграно на 16 ноември 2014 година во Скопје, ЖРК „Вардар“ одиграл нерешено со „Будуќност“ 24:24 (9:11), додека во шестото коло, одиграно на 22 ноември 2014 година, на гостувањето против „Турингер“, „Вардар“ изгубил со 20:21 (12:10).[21] На тој начин, ЖРК „Вардар“ се пласирал во втората фаза од лигата, каде играл во втората група, заедно со екипите на „Будуќност“, „Динамо Синара“, „Лајпциг“, „Крим“ и „Турингер“. Притоа, врз основа на резултатите од првата фаза, ЖРК „Вардар“ пренесол три бода во втората фаза.[22] Притоа, во првото коло, ЖРК „Вардар“ загубил на гостувањето во Лајпциг со 23-26.[23] Меѓутоа, во второто коло, одиграно на домашен терен, тимот на „Вардар“ убедливо го поразил тимот на „Крим“ со 41-30 (21-12). Најефиксни во тимот на „Вардар“ била Јованка Радичевиќ со постигнати оум гола, додека Лејно имала дури 21 одбрана.[24] Како резултат на добрата игра, Радичевиќ била избрана меѓу „трите ѕвезди“ на колото, додека Лејно ја имала најдобрата одбрана на колото.[25] Во третото коло, одиграно на 15 февруари 2015 година, ЖРК „Вардар“ изгубил на гостувањето кај „Динамо Синара“ со 25-33 (12-15).[26] Во следното коло, на домашен терен, „Вардар“ бил подобар од тимот на „Лајпциг“, совладувајќи го со 26-21 (10-9). Најдобри во тимот на „Вардар“ биле голманот Суслина со 16 одбрани, Ања Алтхаус со постигнати шест гола, како и Ихнева и Јулија Николиќ кои постигнале по пет гола.[27] Потоа, на 6 март 2015 година, „Вардар“ убедливо победил на гостувањето против „Крим Меркатор“ со 47-29.[28] Во последното коло од втората фаза, на 14 март 2015 година, во Скопје, „Вардар“ го победил тимот на „Динамо Синара“ со 28-27. Така, на крајот, со вкупно 11 освоени бодови, ЖРК „Вардар“ завршил на третото место во групата, со учинок од пет победи, еден нерешен резултат и четири порази, со гол-разлика од 277:254.[29] На 4 април 2015 година, во борбата за учество на завршниот турнир на најдобрите четири тимови, на домашен терен, „Вардар“ го совладал актуелниот европски шампион „Ѓер“ со 24-18. Во натпреварот особено се истакнале голманите на „Вардар“, Ина Суслина, која со своите 13 одбрани била прогласена за една од трите „ѕвезди“ на првото четвртфинално коло и Амандин Лејно, чија двојна одбрана при пеналот била прогласена за најдобра одбрана на колото. Исто така, и една од одбраните на Суслина влегла меѓу петте најдобри одбрани на колото (на четвртото место).[30] Најпосле, голот на Јованка Радичевиќ, постигнат со „цепелин“ бил рангиран на третото место во изборот на петте најубави голови на колото.[31] На 11 април, на гостински терен, ракометарките на „Вардар“ одиграле нерешено 27-27 и на тој начин, по вторпат по ред, избориле пласман меѓу четирите најдобри тимови во Европа.[32] Најефикасна ракометарка во редовите на „Вардар“ била Андреа Пенезиќ, која со постигнатите осум гола се нашла меѓу трите ѕвезди на колото, според изборот на „ЕХФ ТВ“. Исто така, голот на Маја Сокач влегол меѓу петте најубави голови на колото, а и голманот Лејно повторно се нашла на списокот на петте најдобри одбрани.[33] На тој начин, „Вардар“ вторпат последователно изборил учество на финалниот турнир на Лигата на шампионите, каде во полуфиналето, одиграно на 9 мај 2015 година, претрпел убедлив пораз од црногорскиот тим „Будуќност“ од 17-27 (9-14). Утредента, во борбата за третото место, „Вардар“ го победил тимот на „Динамо“ со 28-26, со што го повторил успехот од претходната година. Најдобар стрелец на натпреварот била Пенезиќ, со постигнати девет голови.[34][35] На крајот од сезоната, Пенезиќ го добила признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите, со постигнати 102 гола. Дополнително признание на добрата игра на „Вардар“ во Лигата на шампионите претставува изборот на Сираба Дембеле во идеалниот тим на сезоната.[36][37] 2015-2016Во сезоната 2015-2016, „Вардар“ играл во групата „Ц“, заедно со екипите на „Ѓер“, „Митјиланд“ и „Хипо“. Во првото коло, во Скопје, „Вардар“ загубил од „Ѓер“ со 22:27 (10:13).[38] Сепак, веќе во второто коло, одиграно на 24 октомври, „Вардар покажал убедлива игра на гостувањето кај „Хипо“, победувајќи со 38:25.[39] Во третото коло, одиграно на 1 ноември 2015 година, на домашен терен, „Вардар“ ја победил екипата на „Митјиланд“ со резултат 33:24 (16:8), а најефикасни во редовите на „Вардар“ била Пенезиќ со 10 постигнати гола.[40] На 8 ноември, овојпат на гостински терен, „Вардар“ повторно победил со резултат 25:15 (12:11), а најефикасна била Андреа Лекиќ која постигнала осум гола.[41] На 14 ноември, „Вардар“ ѝ гостувал на екипата на „Ѓер“ и претрпел пораз од 27:28 (17:14). Најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Радичевиќ, Дембеле и Хмирова, со постигнати четири голови.[42] Најпосле, во шестото коло, одиграно на 21 ноември во Скопје, екипата на „Вардар“ била убедливо подобра од „Хипо“, победувајќи со резултат 37:25 (15:14). Притоа, Лејно остварила 16 одбрани, а најдобри стрелци за „Вардар“ биле Лекиќ и Пенезиќ, со постигнати девет и шест голови, соодветно. На тој начин, во групната фаза екипата на „Вардар“ остварила четири победи и два пораза, освојувајќи осум бодови, со гол разлика 182:144.[43][44]
Со тоа, екипата на „Вардар“ завршила како третопласирана во групата, со 14 бодови (седум победи и три порази) и со гол разлика од 270:246. Во четврфиналето на Лигата на шампионите, „Вардар“ ја пречекал екипата на „Ларвик“. Првиот натпревар се одиграл во Скопје на 2 април, а „Вардар“ остварил убедлива победа со резултат 34:20 (16:9).[57] Во вториот натпревар, одигран на 10 април, „Вардар“ загубил со резултат 26:28 (13:11), но и покрај тоа обезбедил учество во финалниот турнир на Лигата на шампионите. Најефикасна ракометарка во редовите на „Вардар“ била Јованка Радичевиќ, со постигнати седум голови, додека Лејно имала дури 17 одбрани.[58] Во полуфиналето, одиграно на 7 мај, „Вардар“ загубил од екипата на „ЧСМ Букурешт“ со резултат 21:27 (9:14) и така, третпат по ред, не успеал да влезе во финалето на Лигата на шампионите. Најефикасна во редовите на „Вардар“ била Лекиќ, која постигнала шест гола.[59] Утредента, во борбата за третото место, „Вардар“ го победил „Будуќност“ со резултат 30:28 (14:16), со што го повторил успехот од претходната година. Најголем придонес во победата имале Лејно со нејзините 14 одбрани, како и Пенезиќ и Радичевиќ кои постигнале по седум и шест гола, соодветно.[60] 2016-2017Во сезоната 2016-2017, „Вардар“ играл во групата „Б“, заедно со екипите на „ФТЦ“, „Лајпциг“ и „Астраханочка“. Во првото коло, одиграно на домашен терен на 14 октомври 2016 година, „Вардар“ одиграл нерешено (27:27) со екипата на „ФТЦ“ од Будимпешта, по што била отпуштена Индира Кастратовиќ, а на нејзиното место со екипата раководел привремен тренерски тим. Потоа, на 21 октомври, „Вардар“ ја пречекал екипата на „Лајпциг“, остварувајќи убедлива победа од 41:24 (19:14). Најефикасна ракометарка била Јованка Радичевиќ, со шест постигнати гола, додека голманките Лејно и Песоа имале по 11 и 10 одбрани, соодветно.[61] Во третото коло, одиграно на 29 октомври, „Вардар“ победил на гостувањето кај екипата на „Астраханочка“ со резултат 31:26 (14:13), во натпревар во кој Пенезиќ дала дури 10 гола.[62] На 5 ноември, „Вардар“ ја пречекал екипата на „Астраханочка“ на домашен терен, остварувајќи висока победа од 39:25 (18:13), а најефикасна била Јованка Радичевиќ со постигнати девет гола.[63] Во петтото коло, на гостински терен, „Вардар“ ја победил екипата на „ФТЦ“ со резултат 37:24 (11:12), а најефикасни биле Лекиќ и Радичевиќ, со постигнати седум и шест гола, соодветно. Исто така, една одбрана на Лејно била прогласена за најдобра во петтото коло.[64][65] Во последното коло, на 19 ноември, „Вардар“ извојувал убедлива победа на гостински терен против екипата на „Лајпциг“ со резултат 45:22 (22:9) при што најефикасна ракометарка била Лакрабер, со постигнати 10 гола. Со тоа, „Вардар“ ја завршил групната фаза на првото место, пренесувајќи седум бодови во следната групна фаза.[66] На овој натпревар, „Вардар“ поставил неколку клупски рекорди, како: 34. победа во Лигата на шампионите, највисока победа во Лигата на шампионите и пет последователни победи во Лигата на шампионите (израмнет претходниот рекорд). Исто така, „Вардар“ влегол и во историјата на Лигата на шампионите со неколку рекорди: втората највисока победа во историјата на лигата, највисока победа на гости и втор натпревар со вкупно најмногу постигнати голови.[67] Во главната фаза од Лигата на шампионите, „Вардар“ играл во Групата 1. Притоа, во првото коло, „Вардар“ победил на гостувањето кај „Будуќност“, со резултат 31:28 (16:16).[68] Андреа Пенезиќ, која постигнала осум гола, била прогласена за најдобра ракометарка во првото коло на Лигата на шампионите.[69] Со оваа победа, „Вардар“ постигнал клупски рекорд - шест последователни победи во Лигата на шампионите.[70] Во второто коло, одиграно во Скопје на 4 февруари 2017 година, „Вардар“ ја пречекал екипата на „Мец“, остварувајќи победа од 23:21 (13:11). На тој начин, тие оствариле низа од девет натпревари без пораз, израмнувајќи го рекордот од сезоната 2013/2014, а повторно поставиле нов рекорд во својата историја - седум победи по ред во Лигата на шампионите.[71] Во третото коло, одиграно на 12 февруари 2017 година, „Вардар“ ја победил екипата на „Турингер“ со резултат 31:29 (18:13), постигнувајќи нов клупски рекорд - осум последователни победи и десет последоватлени натпревари без пораз во Лигата на шампионите.[72] Најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Пенезиќ и Лекиќ, кои постигнале по девет и осум гола, соодветно.[73] Оттука, Пенезиќ била прогласена за една од трите „ѕвезди“ на третото коло од главната фаза на Лигата на шампионите, а еден од нејзините голови влегол во изборот на петте најубави голови на колото.[74] Победничата серија на „Вардар“ завршила во четвртото коло (одиграно на 26 февруари), со поразот од „Будуќност“ на домашен терен, со резултат 28:31 (16:17).[75] Притоа, една одбрана на Амандин Лејно била прогласена за најдобра одбрана на колото.[76] Во петтото коло, „Вардар“ претпрел тежок пораз од француската екипа „Мец“, со резултат 28:42 (16:19) и така за првпат паднал на второт коло во својата група.[77] По поразот, тренерот Давид Дејвис, на негово барање, се вратил во машката екипа на „Вардар“, а неговото место го зазела Ирина Дибирова.[78] Во последното коло, одиграно на 11 март 2017 година во Скопје, „Вардар“ ја победил екипата на „Турингер“, со резултат 36:26 (19:12), со што за првпат завршиле како првопласирани во групната фаза од Лигата на шампионите и повторно избориле учество во четврт-финалето. Најефикасна во редовите на „Вардар“ била Радичевиќ, со постигнати девет гола.[79] На тој начин, екипата на „Вардар“ ја завршила групната фаза со седум победи, еден нерешен резултат и два пораза, со освоени 15 бодови и со гол-разлика 311:279.[80]
2017-2018Во оваа сезона „Вардар“ играл во групата „Ц“, заедно со екипите на ФТЦ Реил Карго, Ларвик и Турингер. Во првото коло, одиграно на домашен терен на 6 октомври 2017 година, „Вардар“ ја победил екипата на „ФТЦ Реил Карго“ со резултат 34:31 (20:11), а најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, кои постигнале по седум гола.[87] Во второто коло, „Вардар“ ја победил екипата на „Турингер“ на гости, со резултат 29:21 (19:11), а најефикасна во редовите на „Вардар“ била Радичевиќ, која постигнала седум гола.[88] Во третото коло, „Вардар“ ја продолжил успешната низа со победата на гостувањето кај „Ларвик“, со резултат 31:19 (16:9), а најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Пенезиќ и Сара Ристовска, кои постигнале по шест гола.[89] Одлична игра прикажала и Суслина, која имала вкупно 17 одбрани, од кои два пенала, при што една од нив била избрана меѓу петте најдобри одбрани на колото, а таа пак била прогласена за една од трите ѕвезди на колото.[90] Во четврото коло, на 4 ноември 2017 година, „Вардар“ ја пречекал екипата на „Ларвик“ при што извојувал победа од 30:27, а најдобра ракометарка била Лејно, која имала дури 20 одбрани.[91] Во следното коло, на гостински терен, „Вардар“ ја победил екипата на „ФТЦ Реил Карго“, со резултат 29:28 (16:12), а најефикасна ракометарка била Пенезиќ, со постигнати девет гола.[92] Во шестото коло, „Вардар“ остварил убедлива победа над „Турингер“ со резултат 29:21 (12:12), со што ја завршил групната фаза од Лигата на шампионите со максимален број бодови.[93] Најдобар стрелец во редовите на „Вардар“ била Лакрабер, со постигнати шест гола, а еден гол на Цвијиќ бил прогласен за најубав гол на колото.[94] Во главната фаза од Лигата на шампионите, „Вардар“ играл заедно со екипите на Будуќност, Мец и ББМ Битигхајм. Во првиот натпревар, одигран на 27 јануари 2018 година на домашен терен, „Вардар“ ја победил екипата на „Мец“ со резултат 29:23 (15:9), а најефикасна ракометарка била Цвииќ, која постигнала седум гола.[95] Потоа, на 4 февруари, „Вардар“ остварил убедлива победа на гостински терен против „ББМ Битигхајм“, со резултат 38:26 (16:14).[96] Во следното коло, одиграно на 10 февруари, „Вардар“ ја победил екипата на „Будуќност“, со резултат 31:24 (19:8) при што Лејно имала 15 одбрани, а најефиксна била Пенезиќ, со осум постигнати гола.[97] Како потврда на добрата игра, Пенезиќ била избрана за една од трите ѕвезди на колото, додека една одбрана на Лејно влегла во изборот на петте најдобри одбрани.[98] На 25 февруари 2018 година, „Вардар“ бил поразен на гостински терен од екипата на „Мец“, со резултат 22:24 (10:10), со што ја прекинале серијата од девет натпревари без пораз.[99] Во претпоследното коло, одиграно на 2 март 2018 година, на домашен терен „Вардар“ ја победил екипата на „Битигхајм“ со резултат 30:22 (13:8), а најефикасна ракометарка била Лекиќ, која постигнала осум гола.[100] Најпосле, на 10 март, на гостински терен, „Вардар“ ја победил екипата на „Будуќност“ со резултат 30:25, а најефикасна ракометарка била Пенезиќ, која постигнала 10 гола. Оттука, таа била избрана за една од трите ѕвезди на колото, еден гол на Лакрабер влегол во изборот на петте најубави голови, додека една одбрана на Суслина била избрана меѓу петте најдобри одбрани.[101] На тој начин, „Врадар“ се пласирал во четврфиналето како првопласирана екипа во својата група, со 11 победи во 12 одиграни натпревари. Во текот на сезоната, „Вардар“ постигнал неколку клупски рекорди: најдолга победничка серија (9 победи по ред), најмногу освоени бодови по главната фаза (18) и најдобра гол-разлика (56). Покрај тоа, „Вардар“ ја завршил главната фаза од Лигата на шампионите како екипа со најдобар напад (постигнати 301 гол), со најдобра гол-разлика (56), најмногу победи (9), најмалку порази (1), најмногу постигнати голови по натпревар (просек од 30,1) и најмногу освоени бодови (18). По завршувањето на групната фаза од Лигата на шампионите, „Вардар“ стигнал до својата 52. победа во ова натпреварување (од 74 одиграни натпревари) при што освоил 110 бодови (со успешност над 70%). Со овие резултати, „Вардар“ влегол во десетте најуспешни екипи во историјата на Лигата на шампионите.[102] Притоа, Драгана Цвииќ била избрана за најдобар пикер во Лигата на шампионите за сезоната 2017-2018.[103][104] Во четврфиналето, „Вардар“ играл против екипата на „Митјиланд“ при што во првиот натпревар, одигран на 6 април, остварил победа од 24:23. И во вториот натпревар, одигран на 14 април 2018 година, „Вардар“ забележал победа од 32:25 (17:12) и така по петти пат во низа се пласирал на завршниот турнир, нешто што не го остварила ниту една екипа во историјата на ова натпреварување.[105] На 12 мај, во полуфиналниот натпревар, „Вардар“ ја победил екипата на „Ростов“ со резултат 25:19 (10:7) и така се пласирале во финалето, каде се сретнале со екипата на „Ѓер“.[106] Во финалето, исто како претходната година, натпреварот завршил нерешено 20:20 (9:9), но по одиграните две продолженија, „Вардар“ загубил со резултат 26:27.[107] Притоа, голманката Амандин Лејно била прогласена за најкорисна ракометарка на финалниот турнир.[104] По завршувањето на сезоната, сите ракометарки го напуштиле клубот, кој не се натпреварувал во следната сезона од Лигата на шампионите. Регионална лигаВо сезоната 2013/2014, ЖРК „Вардар СЦБТ“ настапувал и во женската регионална лига, каде на одиграните 11 натпревари, остварил 6 победи и четири порази, а еднаш одиграл нерешено.[14] Во сезоната 2017/2018, „Вардар“ настапувал во регионалната лига ВРХЛ, заедно со екипите на „Крим“ и „Будуќност“. Притоа, на 13 септември 2017 година, на гостински терен, „Вардар“ бил подобар од „Будуќност“ со резултат 24:22, а утредента го победил „РК Крим Меркатор“ со резултат 30:27. Потоа, на 27 октомври, „Вардар“ повторно ја победил екипата на „РК Крим Меркатор“, овојпат со резултат 32:29, додека утредента го совладал „Будуќност“ со 21:20. На 19 јануари 2018 година, „Вардар“ уште еднаш бил подобар од „Будуќност“ (31:24), а на 21 јануари ја победил екипата на „РК Крим Меркатор“ со 25:24.[108] Настапи на меѓународни турнириНа крајот од август и почетокот на септември 2015 година, по повод првиот роденден на спортската сала „Јане Сандански“, во Скопје бил организиран меѓународен ракометен турнир. Победник на турнирот била екипата на „Вардар“, која во финалето била подобра од екипата на „Ростов“ со резултат 29-24 (14-14). За победата на турнирот, „Вардар“ ја добил паричната награда во износ од 5.000 евра.[109] Состав
Стручен штаб
Поранешни играчиПоранешни ракометарки на „Вардар“ биле:[112]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia