Женска ракометна репрезентација на Црна Гора
Женската ракометна репрезентација на Црна Гора е репрезентација кој ја претставува Црна Гора на меѓународните ракометни натпреварувања во женска конкуренција. Репрезентацијата е под контрола на Ракометниот сојуз на Црна Гора. Репрезентацијата е формирана во 2006 година, по распадот на Србија и Црна Гора и истата година е примена во ЕХФ и ИХФ. Најголемиот успех на репрезентацијата на Црна Гора е освојувањето на златниот медал на Европското првенство 2012 во Србија, каде во финалето ја победиле најтрофејната репрезентација во женскиот ракомет, Норвешка, по две продолженија. Покрај тоа, Црна Гора има и сребрен медал освоен на Олимписките игри 2012 во Лондон, каде биле поразени во финалето од Норвешка. ИсторијаРепрезентацијата е формирана во 2006 година, по распадот на Србија и Црна Гора и истата година е примена во ЕХФ и ИХФ. Својот прв натпревар го одигралала во ноември 2006, во Хеб, Чешка, против Бугарија во квалификациите за Светското првенство 2007 во Франција и победила со 32-28. Првиот пласман на некое натпреварување бил остварен во 2010 година, кога бил изборен пласман на Европското првенство 2010, после пет победи и едно реми во квалификациите. Црна Гора испаднала во втората рунда, заземајќи го третото место во групата; поразени биле од Франција во натпреварот за петтото место, па така на крајот завршиле како шести на својот деби турнир. Најголемите успеси бил остварени под водство на селекторот Драган Аџиќ. На Олимписките игри 2012 освоиле сребрен медал, откако на одличниот турнир за нив биле сопрени дури во финалето од Норвешка; сепак неколку месеци потоа црногорките го освоиле своето прво злато на турнирите, триумфирајќи на Европското првенство 2012, во Србија со победа во финалето токму над Норвешка после две продолженија. Откако Бојана Поповиќ се опростила од репрезентацијата, следувал резултатски пад; освоено било четвртото место на Европското првенство 2014, а потоа уште една се поразени од Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство 2015. Негативните резултати кулминирале на Олимписките игри 2016, во Рио де Жанеиро, када настапот го завршиле во групната фази со сите пет порази. На Светското првенство 2017, Црна Гора била поразена во четвртфиналето од подоцнежаниот шампион Франција со 25-22 и завршила на седмото место, што бил најдобар резултат на популарните лавици на Светските првенства. Сепак, тој резултат бил поправен две години подоцна кога Црна Гора завршила на петтото место на Светското првенство 2019 во Јапонија. РезултатиЛетни олимписки игри
Светско првенство
Европско првенство
ФиналињаОлимписки игри 2012
Европско првенство 2012
ИграчиМоментален составСостав за Светското првенство 2019.[1][2] Тренер: Тренери
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia