Михаил Шишман
Михаил Асен III (бугарски: Михаил Асен III), најчесто нарекуван Михаил Шишман,a[›] владеел како цар на Бугарија од 1323 до 1330. Точната година на неговото раѓање не е позната, но се смета дека е помеѓу 1280 и 1292. Тој бил основач на последната вледеачка династија во Второто бугарско царство, династијата Шишман. Откако бил крунисан, Михаил го користел името Асен за да ја нагласи својата поврзаност со династијата Асен, првата која владеела со Царството. Како енергичен и амбициозен владетел, Михаил Шишман водел агресивна, но опортунистичка и неконзистентна политика против Византија и Кралството Србија, која завршила со катастрофалната битка кај Велбужд во која и самиот го загубил животот. Тој бил последниот бугарски владетел кој имал за цел воена и политичка хегемонија на Бугарското царство над Балканот и последен кој се обидел да го заземе Константинопол. Бил наследен од неговиот син Иван Стефан, а подоцна од неговиот внук Јован Александар, кој ја променил политиката преку формирање сојуз со Србија.[1] Искачување на тронотРоден помеѓу 1280[2] и 1292,[1] Михаил Шишман бил син на деспотот Шишман од Видин и ќерката на севастократорот Петар. Тој исто така бил далечен роднина на неговите претходници на бугарскиот престол, Теодор Светослав (вл. 1300–1321) и Георги Тертер II (вл. 1321–1322). По мирот склучен помеѓу неговиот татко и Стефан Милутин во 1292, Михаил Шишман бил верен со ќерката на Милутин, Ана и тие се венчале во 1298 или 1299 година.[3] ![]() Од средината на 13 век областа околу Видин била автономна под неефективна бугарска власт и била управувана од Јаков Светослав (1276), од Шишман (починал помеѓу 1308 и 1313), а потоа и од Михаил Шишман. Шишман и неговиот син ги добиле високите титули деспот од нивниот роднина Теодор Светослав, а вториот во еден венецијански извор се споменува како Деспот на Бугарија и господар на Видин.[3] По смртта на српскиот крал Стефан Милутин, Михаил Шишман можел да води поактивна политика во столицата Трново. Наскоро тој станал една од водечките фигури во внатрешните работи на царството, а со смртта на малолетниот цар Георги Тертер II во 1323, Михаил Шишман бил избран за цар од страна на благородништвото.[4] Според некои историчари тој бил избран зашто имал потекло од Асеновата династија и го интерпретираат искачувањето на тронот како продолжување на династијата Асен, а не како нова династија.[5] Неговиот полубрат, Белаур, го наследил како деспот на Видин.[6] Предци
НаводиБиблиографија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia