Паул Јозеф Гебелс (германски: Paul Joseph Goebbels; 29 октомври 1897 - 1 мај 1945) — германски политичар и Министер за народна просвета и пропаганда за време на националсоцијалистичкиот режим од 1933 до 1945 година. Тој бил еден од најблиските соработници и најпосветените следбеници на Адолф Хитлер. Гебелс бил познат по неговото жестоко говорништво и страшниот антисемитизам. Добил докторска диплома од Хајделбершкиот Универзитет во 1921 година.
Откако нацистите дошле на власт во 1933 година, тој бил назначен министер за пропаганда. Еден од неговите први чекори била наредбата да се запалат сите книги напишани од Евреи или антинацистички автори, и ја зголемил својата контрола над секој извор на информации во Германија. По неговото назначување на таа функција, неговите напади врз германските Евреи се зацврстиле и кулминирале со Кристалната ноќ во 1938 година, првиот отворед погром од страна на нацистите.
Како голем поддржувач на војната, Гебелс направил сѐ што можел за да го подготви германскиот народ за огромен воен конфликт. До крајот на 1943, војната се претворила во огромна катастрофа за Силите на оската, но тоа само го охрабрило Гебелс да ја засили пропагандата, со тоа што ги повикал Германците да ја прифатат идејата за тотална војна и мобилизација. Гебелс останал во Берлин со Хитлер до самиот крај, а по Хитлеровото самоубиство, служел како канцелар на Третиот рајх, иако само за еден ден. Во неговите последни часови, Гебелс ѝ дозволил на жена му Магда да ги убие нивните шест дечиња. Бргу потоа, Гебелс и жена му извршиле самоубиство, тој со истрел од огнено оружје, а таа со отров.
Поврзано
|
---|
| 20 април | |
---|
| 21 април | |
---|
| 22 април | |
---|
| 23 април | |
---|
| 24 април | |
---|
| 28 април | |
---|
| 29 април | |
---|
| 30 април | |
---|
| 1 мај | |
---|
| 2 мај | |
---|
| Непознат ден | |
---|
| Затекнати на 2 мај | |
---|
| Се самоубиле | |
---|
| Убиени | |
---|
| Неразјаснето | |
---|
|