Јозо Т. Бошковски-Јон
Јозо Т. Бошковски-Јон (Острилци, Крушевско, 14 јануари 1933 — Скопје, 2 април 2008) — македонски поет, раскажувач, есеист, преведувач и сликар.[1] ЖивотописЈозо Бошковски е роден во селото Острилци, Крушевско на 14 јануари (6 февруари) 1933 година. Основното образование го стекнал во родното село и во Крушево, а во 1954 година ја завршил учителската школа „Браќа Миладиновци“ во Битола. Потоа работел како воспитувач во интернатот на основното училиште „Никола Карев“ во Крушево и како наставник по македонски јазик и по музичко воспитување во основното училиште во селото Обршани. Потоа работел како новинар во нколку медиуми: Радио Скопје, „Вечерен репортер“, „Трудбеник“, „Вечер“ и Телевизија Скопје. Во 1969 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата Историја на книжевностите на југословенските народи и народности, а потоа на истиот факултет стуридал и филозофија.[2] Бошковски бил член на ДПМ од 1965 година. Тој е добитник на наградата Гран При на Средоземјето (Мадрид, 1980), доделена врз основа на анонимниот конкурс на Европската академија за литература и уметност, со седиште во Неапол, Италија. Тогаш му била доделена титулата Академик Поет и бил примен за почесен член на Европската академија. Бошковски починал на 2 април 2008 година во Скопје, но бил погребан во родното село.[3] ТворештвоЈозо Т. Бошковски пишувал поезија, раскази, ликовни критики и есеи од областа на теоријата на уметноста, а се занимавал и со ликовно творештво. Тој е еден од најнеобичните автори во македонската култура. Автор е на повеќе од дваесетина екстравагантни книги од сите жанрови (поезија, раскази, драми, есеи, уметничка теорија, дневници итн.). Неговите песни биле објавени во Австрија, Австралија, САД, Индија, Велика Британија, Холандија, како и на турски, албански и српскохрватски јазик во рамките на поранешната Југославија. За своите дела, тој има добиено неколку награди и признанија: трета награда како ученик на Учителската школа во Битола (1950); трета награда на конкурсот на Скопската железарница (1978); неговата песна „Необрзно патување“ била одбрана и објавена меѓу десете најдобри песни на југословенскиот поетски конкурс „Златна струна“ во Смедерево (1978); на 27 април 1980 година му била врачена првата награда (Гран при на Средоземјето) на конкурсот на Европската академија за литература, наука и уметност со седиште во Неапол. исто така, тој има добиено и една награда за ликовна уметноста, на конкурсот на списанието „Телеуропа“ од Рим. Био-библиографски податоци за Јозо Т. Бошковски се објавени во повеќе изданија на Меѓународниот биографски центар во Кембриџ, во книгите „Кој е кој во Југославија“ и „Кој е кој во македонската литература“.[2] Библиографија
Неколку негови кратки есеи-приказни се објавени во српскито избор од неговото творештво, „Жетвата на вселената“ (Сетва свемира) од 1989 година, а три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia