Јонче Шапкарев
Јонче Шапкарев (17 септември 1926 во Велгошти — 2008) — македонски универзитетски професор и биолог.[1] ЖивотописОсновно образование завршил во родното место, а со средно образование се стекнал во Охрид. Во 1947 година се запишал на групата биологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а дипломирал во 1951 година. До 1954 година бил вработен како асистент и ја вршел должноста директор на Хидробиолошкиот завод во Охрид. Во 1956 година ја одбранил докторската дисертација, а во звањето доцент бил избран во 1958 година на Катедрата за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Држел настава по предметите: инвертебрата, анимална екологија, зоогеографија, органска еволуција и типологија на животните. Автор или коавтор е на повеќе универзитетски учебници. Има објавено над 140 оригинални научни трудови. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia