Во својата професионална играчка кариера ја започнал во Работнички, настапувал во него 17 сезони. Во 1998 година се преселил во гостиварскиНикол Ферт во кој играл две сезони.[1]
Како тренер
Својата тренерска кариера ја започнал во 2000 година во Никол Ферт,[2] со кој го освоил Купот на Македонија на двапати, во изданијата 2001 и 2002. Сезоната 2002/03 ја започнал во Никол Ферт со кој го освоил Суперкупот 2002. Потоа во февруари 2003 година пристигнал во Поло Трејд,[3][4] за на крај во април да потпише за Балкан Стил.[5][6][7] Сезоната 2003/04 во поголем дел ја минал во Неметали Огражден,[2] сè до пред крајот на сезоната кога му бил врачен отказ. Во јуни 2004 година, Давитков потпишал четиригодишен договор со Ферпшед Работнички.[1][8] Со Фершпед Работнички го освоил освоил Првенството во сезоните 2004/05, 2005/06, како и Купот во 2005 и 2006. По неуспешната сезона 2006/07, Давитков си поднел оставка од кормилото на Фершпед.[9][10] Во декември 2007 година, Давитков потпишал со Струмица 2005.[11][12] Таму останал сè до крајот на март 2008 година.[13] Во мај 2008 година, Давитков ја започнал својата меѓународна кариера во исландски Унгменафелагиo Снаефел.[14] Таму не останал долго и во ноември истата година, Давитков и Снаефел ја прекинале соработката.[15] Во ноември 2008 година, станал бил тренер на кувајтска Ал Кадсија, каде бил до 2011 година. Со Ал Кадсија освоил три домашни првенства и еден кувајтски Куп во 2010 година.</ref>[16] Сезоната 2011/12 ја минал во друг кувајтски клуб, Ал Јахра, со кој бил вицепрвак во Купот. Следната сезона се преселил во ОАЕ, во клубот Ал Васл Дубаи, со кој потпишал едногодишен договор.[17] Од 2015 до 2017 година бил тренер на Ал Шааб, уште еден емиратски клуб.[2][18] Во ноември 2017 година, Давитков потпишал за клубот Банијас од Обединетите Арапски Емирати.[19] Но поради репрезентативните обврски, во декември истата година, Банијас му врачил отказ.[20][21] Во јануари 2018 година, Давитков станал старо-нов тренер на Ал Кадсија.[22][23][24] Токму со Ал Кадсија, Давитков повторно станал првак во кувајтското првенство.[25] Во април 2020 година, тој го напуштил клубот Ал Кадсија.[26][27] Во средината на јануари, Давитков станал тренер на косовска Пеја.[28] Таму не останал долго бидејќи на почетокот на март си дал отказ како тренер и заминал.[29] Но речиси веднаш, на крајот на март, тој пронашол нов ангажман во романскиот клуб Таргу.[30][31]
Давитков станал селектор на македонската кошаркарска репрезентација во 2001 година, наследувајќи го Марин Докузовски. Во 2003 година македонската репрезентација била суспендирана и преместена во Дивизијата Б. На тоа натпреварување, Македонија учествувала во 2005 година, притоа освојувајќи место за унапредување во А дивизијата. На дополнителните квалификации за Евробаскетот 2007, Македонија не успеала да влезе на завршниот турнир, и поради тоа Јорданчо Давитков поднел оставка.[33]
Подоцна тој станал селектор на кувајтската кошаркарска репрезентација.
Во март 2017 година Давитков бил повторно назначен за селектор на Македонија.[33][34][35] Во претквалификацискиот циклус Македонија завршила на последното трето место неуспевајќи да напредне во квалификациите.[36]
Во септември 2019 година, од страна на македонската федерација, било потврдено дека Давитков нема веќе да е селектор на Македонија.[37][38]
Како селектор на Кувајт
Во август 2011 година, Јорданчо Давитков станал селектор на машката кувајтска репрезентација.[39][40] Таму останал сè до 2012 година.
↑„Јорданчо Давитков, нов тренер на Пеќ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 јануари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 5 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„Давитков си најде нов ангажман во Романија“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-29. Посетено на 29 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)