Спилио
Спилио или Спиљо (грчки: Σπήλαιο, Спилео) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 187 жители (2011). Географија и местоположбаСелото е оддалечено околу 25 км југозападно од градот Гребен, на источните падини на планината Пинд, во близина на реката Венетик, на нејзината лева страна, на надморска височина од 900 м.[2] Во непосредна близина на селото е сместен Портички мост. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Спилио било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Спилио живееле 409 Грци.[3] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Спилеон се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 79 куќи.[4] Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Спилио живееле 600 Грци христијани.[5] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 717 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 657.[2] СтопанствоНаселението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.[2] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 33 квадратни километри. Општината Спилио била приклучена во општината Теодорос Зјакас во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен. Селото припаѓа на општинската единица Теодорос Зјакас со седиште во селото Мавран, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Спилио, во кој е единствено село. Културни и природни знаменитостиАрхеолошки наоѓалишта
Мостови
Цркви
ЛичностиРодени во Спилио
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia