Џампаоло Карузо
Џампаоло Карузо (италијански: Giampaolo Caruso; р. 15 август 1980) — италијански професионален друмски велосипедист, кој последно возе за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин.[1] Карузо бил обвинет во допинг скандалот Операција Пуерто, но неговиот случај набрзо бил отфрлен од шпанската федерација.[2] Италијанскиот олимписки комитет сакал да го суспендира на две години, но бил ослободен по вмешувањето на Арбитражниот суд за спорт.[3] Во 2009 потпишал договор до крајот на 2011 за ЛРП Бракес-Фарнезе Вини,[4] но се префрлил во Керамика Фламинија-Босини Доке на средина на сезоната. Имал договор со нив до 2011,[5] но на 6 април 2010, откако организаторите на Џиро д’Италија објавиле дека Керамика Фламинија не е поканета на трката, му било дозволено да го раскине договорот и да потпише со Катјуша.[6] Тим Катјуша потпишала со него со цел да стави на чело на екипата за Џиро д’Италија 2010. На крајот на 2011 го продолжил договорот за претстојната сезона. Во август 2015 година било објавено дека Карузо имал позитивен тест на ЕПО во март 2012 година.[7] Достигнувања
Распоред на резултатите на Гранд Тур
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia