Агенција за разузнавање
ИсторијатАгенцијата за разузнавање е основана како посебен орган на државната управа со Законот за Агенцијата за разузнавање од 1995 година. Прв директор на Агенцијата за разузнавање е Владо Поповски, кој ја извршувал должноста до 1999 година. Задачи и надлежностиСобира податоци и информации од значење за безбедноста и одбраната на Македонија и стопанските, политичките и други интереси на државата. Врши анализи и истражувања на податоците и информациите и задолжително го известува Претседателот на Македонија, Владата на Македонија и други државни органи за прашања од значење од нивниот делокруг. Соработува со државни органи за прашања од заеднички интерес. Во остварувањето на меѓусебна соработка, Агенцијата и државните органи се должни заемно да си достават податоци, известувања, информации и да ги координираат акциите од надлежност на Агенцијата.[2] Поврзано
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia